СЕ ЗАПОЧНА ВО ШЕСЕТИТЕ ГОДИНИ Во последниот текст рековме дека либералната демократија се најде во голема криза во текот на педесетите години на минатиот век. Поради тоа се воведе нов термин, односо филозофски правец неолиберализам како нова филозофија во економијата и политиката која би требало да ја извлече од кризата западната либерална демкоратија. Тогаш е донесена одлуката да се реформира класичната демократија со тоа што ќе се сведе на минимум улогата на државата и на народот, народната волја да биде заобиколена и на тој начин да му се одземе суверенитетот на народот. Сето тоа почна да се прави со раѓањето на новата филозофија чиј преставник е Јозеф Шумпетер кои се залагаше народот наместо да гласа за политички програми и идеи да гласа за политички лидер кои место него ќе одлучува за судбината на народот и неговата земја. Од кога веќе ја курдиса десницата во нова десница на ред дојде левицата во шесетите години и неа да ја курдисат. Целта на курдисувањето на левица...