Skip to main content
СО НОВИОТ АСНОМ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ГО ИЗБРИШЕ ЃУБРЕТО ОД НЕГОВАТА ДРЖАВА.



Знам дека еден ден симболично се ќе заврши со нов АСНОМ, со ново уставотворно собрание на Македонскиот народ, бидејќи неможе вака, веќе системот гние, од самото гниење ѓубрето и фекалијата се излева на површна, по принципите на законите на природата мора да се најде некој да го исчисти ѓубрето.

Овој текст кој го пишувам веќе долго време како планирам да го напишам од многуте работи, настани и случувања за пишување што ги имам па сум заборавил и сум го забаталил. Повод за пишување ми стана смртта на поранешниот црногорски преседател Момир Булатовиќ. Секоја почит за починатиот нека му е лесна земјата. Но мене нешто друго ме фрапираше, а тоа што на Фејсбук наидов на илјадници југоносталгичари. Инаку Булатовиќ беше десната страна на рокфејлеристото Слободна Милошевиќ, и двајцата се залага за создавање на скратена Југославија ( Србославија) во кои Македонците како мал народ наспорти големиот српски народ би дошле како малцинство.

И сега кога сме кај Македонците и југоносталгичарите  имам неколку прашања. Зошто се чудат дека до вакво дериџе и степне сме дошле во кое денес се наоѓаме? зошто се чудат дека сме имале вакви неспособни и корумпирани елити во политиката? Зошто имаме ваква неспособна и расипана интелекутална елита каква што имаме? Зошто од Југославија од која произлеговме од исти систем со останатите источноевропски земји сите одат напред, а ние заедно со Босна и Херцеговина сме како некој темен вилает во кои ниту една реформа не успева. Зошто и во ова 2019 година Македонците се уште живеат во страв и апатија? Зошто во демократско општество како што ви требало да бидеме овие дваесет години кај нас се уште важат партиските книшки и протекците како виза за добра иднина? Зошто имаме одредена групација која е спремна дури и од постоењето на државата Македонија да се откаже а камоли од историјата, името и идентитетот.
Одговорот е едноставен за оние кој  што не знат, а тоа е школа на мислење. Да ! Југословенска школа на мислење. Македонија во рамките на Југославија заедно со Босна и Херцеговина беа третирани како темен вилает во кои масовно се спроведуваше автоцензура, култура на самозаборав. На Македонците масовно им се наметнуваше одозгора југословенството, интернацинаолизамот, а националната определба беше третирана како анатема, нешто како анахроно, застарено, забаталено, антимодерно и сл. Заборавајќи притоа дека неможеш да бидеш интернационален ако прво не си национален!- реченица која ја има кажано Албанскиот писател Исмаил Кадаре. Не може да ги сакаш останатите народи и држави ако прво не се сакаш себе си својот народ и држава. Тука всушност беше и грешката на Југославија што нејзините народи прво треба да бидат изградени  како национални народи, бидејќи Македонците, Хрватите, Словенците, Бошњаците, Црногорците својата национална самобитност  и државност ја конституира во рамктите на југословенската федрација (тоа не значи дека овие народи претходно немале своја национална самосвест) па сето тоа како кула од карти рикна во ехот на нејзиниот распад. Затоа мојата теза била, е! и ќе биде дека Југославија беше експремент  на версајскиот систем од 1918 година за создавање на една голема нација на балканот, Југословенска. Среќа е наша што работите за време на втората светска војна и по неа не се одвива онака како што беа планирани , па таа од експремент за создавање на југословенска нација  прерасна во транзитна држава преку која малите народи како Македонците дојдоа до своите национални и независни држави.
Незнам зошто луѓево денеска се чудат  дека сме имале ваква неспособна, мизерна елита и политичари кои за грст пари се спремни да го продадат и сопствениот народ. Ех тоа е производ на претходниот тоталитарен режим. Извинете! тој систем беше тоталитарен режим кој немаше никаква врска со левата идеологија заосновна на Маркс. Ако педесет или шесет години еден народ го држите во мрак и тотално незнаење, тогаш како планирате тој да знае нешто. Ако со години произведувате елита која ја учите дека НАТО и ЕУ  е поважно од све и од народ и од држава, од историјата, од името, тогаш како сакате таа елита поинаку да изгледа  освен онаква како што ние денеска ја имаме.Просто на македонскиот народ во рамките на Југославија  буквално му беше оневозможено  да го истера на раат своето национаолно будење и растење, ако некој пекнеше за нешто одма беше прогласуван за непријател, жигосуван за националист, за бугарофил, Ванчомихајловист, антисрбин и сл.  И што да очекуваме од елита која растела во такви околности и таков систем, како сакате таа поинаку да се однесува, ако не како што ние денес ја гледаме нашава. Ни време, ни простор, ни колку е саат не разбират.
Имено, Во ехот на распадот на СФРЈ кога беше јасно дека Југославија нема да преживе! нашата тогашна елита во СКМ-ПДП подржана од интелектуалната елита излезе со следниов став ние сме за  федерација, ако неможе федерација сме за конфедерација, ако неможе ни федерација, ниту конфедерација тогаш сме за независност. Три различни програми беа нудени како една програма. Уште од самиот старт си кажа  ниту знат за што се! што сакат! ниту каде сакат да одат. За разлика од словенечката и хрватската елита која уште од старт беше определена за независност. Па од кога прогласивме независност истите тие од СКМ-ПДП правеа платформа Глигоров-Изетбеговиќ за спас на Југославија од кога таа веќе беше мртва. Инаку СКМ-ПДП до 1995 година веруваше дека Југославија  ќе се обнови, доказ за тоа вие во 1993 година платформата и плановите  за обнова на Југославија кои ги правеше Борис Вукобратов а нашите први се залепија со подршка за нив.
Не знам зошто се уште се чуди народов што сите трчат по партиски книшки и протекции, кога тоа беше својствено за претходниот систем.  Каде партиската книшка  беше единствено средство заедно со кодошењето за напредување во кариерата. Ние како држава и покрај тоа што во 1991 година воведовме демократски систем со нови правила, нови начела и нови однесувања, гледате дека во сите овие години од независноста па до денешен ден стариот систем да ти бил се уште на сила, никогаш ниту умрел. Гледате дека народот се уште се плаши од полицијата која би требало да биде негова слуга, бидејќи тој ја плаќа, а тој од неа се плаш како од змија, а што очекувате како еден народ да ја гледа неа, ако таа истата во претходните шесет години вршела репресивни мерки врз тој народ во секаков поглед.
Единствено решение за сите овие проблеми е раѓањето на новата четврта македонска република, бидејќи старава република ја раскантавме што по наша вина, што по кривица на оние од надвор, со најразлични наши и нивни дејствија, очигледно е дека на ред е таа да умре за да се роди новата република. 
Знам дека еден ден симболично се ќе заврши со нов АСНОМ, со ново уставотворно собрание на Македонскиот народ, бидејќи неможе вака, веќе системот гние, од самото гниење ѓубрето и фекалијата се излева на површна, по принципите на законите на природата мора да се најде некој да го исчисти ѓубрето. Македонскиот народ ќе го избрише ѓубрето со новиот АСНОМ.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...