НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ПОЛИТИКА НА ПРОСТОРОТ Свое времено Наполеон Бонапарта ја има кажано изреката “Политиката на државата се наоѓа во нивната герграфија.“ Веќе многупати како досега сме констатирале дека политиката треба со години наназад да се планира. Грешката на македонската политика и македонските политичари е што не ја користат географската позиција која ја има Македонија и својата политика врз таа основа да ја градат за нејзин развој и опстанок на меѓународната политичка сцена. Географската позиција на одредена држава секогаш била значајна за градење на одредена политика. Па така уште од античко време авторите се занимавале со неа, Херодот, Аристотел, во новото време Жан Боден и Монтескје придавале големо значење на географската позиција на одредена држава во градење на нејзината политика. Тоа довело до развој на нова научна дисциплина Политичка географија ( Уште позната како геополитика). Македонија во геополитиката има значајна позиција. Македо...