Skip to main content

Шок доктрина (1) – Глобално управување


ние си имаме, огромно наследство од Рим и не за џабе некој филозофи, теоретичари и мислители радикално се залагат дека ако сакаме да направиме подобар свет од овој денес што го живееме едноставно треба да прогласиме дисконтинуитет со Рим.

Работите, нештата и настаните кои се случуват во светот не се случајни, се си има своја последица, а за секоја последица постои причина. Тоа го осликува њутновиот закон за акција и реакција. Се што денес се случува во светот е одраз или последица на нешто што се случувало претходно.
Свързано изображение
Се започна во антиката, кога најголемото достигување и врвот во антиката го имаше римската империја која почиваше на двата столба – Атинската филозофија и Римското право. Тоа се двата столба врз кои се изградуваше старата змија позната како Рим. После нејзиното вековно постоење кое почна да се ниша со ширење на христијанството како ново верско и социјално движење во првиот век од нашата ера и резултираше со појава на нов поредок (феудализам). Распадот на Рим траеше 14 века се до паѓањето на Византија под турска власт во средината на 14 век.
Се што ние денес живееме целиот наш систем и начин на живеење е последица на римската империја. Тоа ни покажува дека старата змија Рим е сеуште жива и до деншен ден. Денес имаме римски ситем на броеви, латиницата која е римска азбука е во широка употреба во светски рамки, денешната филозофија се заоснова на филозофијата на Рим и Атина, правниот систем во голема мера е наследен од римскиот систем, науката е продолжеток на римската наука, па дури и црквата (во главно католичката и православната) се уредени по римски урнек бидејќи тие се создадени во главно за време на постоењето на Рим.
Значи ние си имаме, огромно наследство од Рим и не за џабе некој филозофи, теоретичари и мислители радикално се залагат дека ако сакаме да направиме подобар свет од овој денес што го живееме едноставно треба да прогласиме дисконтинуитет со Рим.
После пропаста на Рим како официјално нејзини наследнички од пепелта се кренаа две империи: Светото Римско царство (од кои произлезе австро-унгарија) и Британската империја. Вторава е значајна бидејќи долго траеше, а и нејзината експанзија, односно освојувње на целиот свет доведе до ширење на оставштината на римската империја.
Британската империја владеше со сите четири страни од светот, со сите мориња и океани, го користеше старото римско кредо “раскарај па завладеј“, со ова прравило оваа империја го задржа својот примат за владење со светот. Таа беше империја се до 1945 година, кога и ја препушти својата владејачка палка на нејзината ќерка Америка (САД). Од тогаш САД стана токму ѕвездата водилка за целиот западен свет. Токму во овој текст како и во наредните текстови ќе објавиме токму што оваа ѕвезда деница заедно со нејзините западни стратешки партнери испланирале за нашата иднина.
Според извештајот на обединетите нации сите настани и случувања во светот од 1945 година па се до денешен ден, технолошкиот напредок, информатичка револуција, еколошката катастрофа и сите настани и случувања, создаваат клима во која народите на светот ќе ги препознаат потребите и предностите на глобалното управување.
Глобалното управување е насочено кон утврдуваните цели и се состои од монштво методи, од кои ниту еден не им дава можности на оние за чија што иднина се донесуват одлуки за решавање на конечните резултати. Организацијата за глобално управување верува дека светот сега е подготвен да ја прифати глобалната граѓанската етика, која се базира врз голем број на вредности кои можат да ги обединат луѓето со различно културно, политичко, религиозно и филозофско наследство.
Истиот извештај зборува и за оние кои нема да ги делат вредностите на глобалното управување кои се означуваат како нетолерантни, а за кои според извештајот нема да има место во глобалното управување.
Комисијата за глобално управување уште во осумдесетите години направи проект кој во 1973 година го започна комисијата за надворешни односи. Во овој проект учествуваа Џими Картер, Збигњев Бжежински и Семујел Хантингтон. Американското министерство за образование објави документ под наслов “Образование за промените“, каде во овој прирачник се разработува стратегијата која се нарекува „делфи техника“ која уште се нарекува и глобална цивилна етика, со која ќе се овозможи на луѓето да станат вистински планетарни граѓани низ глобалниот пристап на образованието.
Во еден од документите на обединетите нации насловен како “Јадрото на светската наставна програма“ кој во 1986 година ја напиша Роберт Малер, кој е поврзан со егзотерското и оклутистичкото движење познато како “Луцифер Траст“ кој е основан од Алис Бејли која е истакната следбеничка на руската сатанистика мадам Хелена Блавацки.
Целта на ова програма е да ги задуши когнитивните моќи на разумот, за да се спроведе оглупување на целата популација во светот. Малер во 1998 година на светската конференција за глобалното управување го престави својот прв принцип на наставниот план, според кој групната корист, групното разбирање, групните релации и групната волја ќе ги заменат сите ограничени, себични цели, со тоа создавајќи групна свест. Овој принцип потсеќа на романот на Џорџ Орвел – “Животинска Фарма“. Како пирамидална структура на врвот е „големиот брат“, веднаш зад него е внатрешната партија, чија цел е да го уништи секој облик на независно мислење. Значи во идното глобално соседство нема да има место за поединци кои не се раководени според групните цели. Истребување на оние што мислат поинаку, кои имат сопствено мислење, ќе се создава раса на робови, а не на слободни луѓе!
Пред некое време ОН во американските училишта ја воведе програмата исход – за основното образование. Оваа програма го исфрла изучувањето на општествените европски класични хуманисти чии учења се предуслов за зачувување на инвидувалните слободи. Зошто? За да мнозинството од популацијата да се одржува во состојба на незнаења и празноверие, за да се наметне и да се одржи олигархијата.
Други цели кои комисијата сака да ги оствари се следниве: глобално оданочувње, формирање на професинална војска на обединетите нации; создавање на економски совет за безбедност; власт на ОН над глобалната популација; укинување на правото на вето на постојаните членки на советот за безбедност; основање на ново парламентарно тело од преставници на граѓанско општество (НВО); нов суд за кривично право за да решава помеѓу нациите кои се во спор; меѓународен кривичен суд во Хаг; задолжен карактер на пресудите на меѓународниот кривичен суд; проширување на надлежноста на генералниот секретар на ОН.
Мишко Ливрински
објавено во дневник септември 2017

Comments


Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...