Skip to main content
Око не му трпенува, Мува не го лази!


Имено, Црвенковски уште во новогодишното интервју во 2005 година, додека се уштен беше преседател на Македонија, ни кажа една чудесна изјава „ Сакам да го видам тој маж што ќе му соопшти на народот дека сме го изгубиле името.“ Епа Бране еве ти го мажот кои  во 2018 година му соопшти на народот  дека името му е изгубено, односно сменето му е името. А Бране тебе те нема да гукнеш.

Карактеристично за Македонската политика и политичари во изминатиов период, односно во изминативе дваесет и нешто години е тоа што секој од нашиве политичари кои дваесетина години ни се шетат  во политиката, никој од нив до денешен ден мртволадни не сакат да одговарат за се што направиле, што не згрбачиле со проблем кои денес народото треба да ги решава.
Еден од нив е и Бранко Црвенковски кој патем имаше брилијантна шанса да стане нациоанале лидер, но за жал прерано се откажа од таа амбиција. Човекот кои дваесет години не лажеше  дека сите наши проблеми со соседите се ни се решени, а се е всушност спротивно како што гледате, сите соседи на некој начин не оспоруват веќе уште од стекнувањето на нашата независност.

 
Црвенковски кои ни ветуваше брда и долини на неговиот 15 септември 2002 година, а ништо од тоа не исполни, али сега во ова 2018 година никаде го нема. Црвенковски се прогласи себе си за државник,  а својата партија за државотворна партија, а тоа за појаснување значи дека дечкиве од СДС се творци на државата која се вика Македонија, а кои денес неговите сопартиски деца Заев и Шеќеринска сакат да ја сменат во Севернамакедонија. Инаку за волја на вистината треба да се знае дека Држава не создава  партија или политичар, туку народот на одредена територија која е со заеднички јазик, историја, минато и други заеднички атрибути. Тој народ создава држава, а не одредена партија. Ова е првата лага на СДС.
 Имено, Црвенковски уште во новогодишното интервју во 2005 година, додека се уштен беше преседател на Македонија, ни кажа една чудесна изјава „ Сакам да го видам тој маж што ќе му соопшти на народот дека сме го изгубиле името.“ Епа Бране еве ти го мажот кои  во 2018 година му соопшти на народот  дека името му е изгубено, односно сменето му е името. А Бране тебе те нема да гукнеш.
А како Бране ти да гукнеш кога сето ова што денес ни се случува е последица   на твојата политика. Како бре да гукнеш, кога ти заедно со твоите деца од СДС сето ова што ни се случува ни го направивте и не доведовте до ова ситуација во која денес ние се наоѓаме. Тоа значи дека новогодишнава честитка за мажов ( ако воопште Заев може да се нарече маж) од твојата партија? кој патем е чистокрвен твој производ за кои се зборува дека е дојден во СДС по препорака на Владиката Наум, за да ја тера твојата агенда.
Една од твоите омилени изјави е „ Око не им трепнува, Мува не ги лази.“ И навистина на твоево СДС  што ја распродават Македонија, што името ни го продадоа, историјата ни ја продадоа, не утера да бидеме непостоечки измислени народ, нели тие се државотворна партија кој ја создала државата и најверојатно сега според нивните сваќања дошло време да си ја продадат државата која според нивната логика ја создадале, по што нели нивна е! Нели Бране во едно твое интервју на телевизија ни кажа дека нема да дозволиш редистрибуција на капиталот! така ли беше другарче?  односно со други зборови општествениот капитал е наш и све што има ова држава. Прво било наше додека било општествено, па сега со приватизација е повторно наше, ах така па нели приватизацијата ја спроведовте по ваш урнек и општествениот капитал го продадовет на ваши блиско партиски лица, односно членови на вашата партија. Си го исполни даденото ветување не дозволи редистрибуција на општествениот капитал. 
Ах Бране ти кој во 1991 година, не сакаш еда станеш на химната на Република Македонија во собрание изгледа дека и тебе „ Око не ти трепнува, мува не те лази за Македонија.“
Бранко Црвенковски има голема одговорност  за многу работи што ја снајдоа нашата држава и за дериџето во кое денес пловиме.  Најголема глупост е што се прогласи за државотворец и твојата партија за државотворна партија, а денес гледаме дека сте спротивно од тоа што јавно сте се декларирале. Потоа лошиот модел на приватизација  која всушност преставуваше  тотална плачка на општествените добра и на Македонскиот народ, Потоа на Црвенковски спаѓа одговорноста за создавање на финансискиот октопод, создавање на една моќна класа која ќе владе со Македонија, Потоа Бране во 2001 година ти си еден од потписниците на рамковниот договор што значи одговорноста за тој договор паѓа и на тебе како и на останатите потписници, со што Македонската држава тотално се разгради, потоа аферите големото уво, аферта пуч и бомбите на Заев се е тоа во твоја режија. Во 2005 ја прифати двојната формула  како одлична работа за решавање на проблемот со името. Сето ова е твоја одговорност за која ти би требало да одговараш.


Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...