Skip to main content
ГРЕШКИТЕ СЕ НАПЛАЌАТ




Слушам од вчерашните пресови на Никола груевски како се жали дека бил цел на напад на сегашнава квислиншка власт ( и ако не е далеку од вистината) и дека сето ова против него се прави намерно поради референдумот на 30- ти септември и бојкотот на референдумот.
Јас нема да кажам дека Никола Груевски е исто што и нашиве претходни премиери, без разлика на све тој има многу повеќе направено за ова држава од колку неговите претходници, особено во поглед на националните интереси како што се зачувување на името Македонија и Македонскиот национален идентитет, потоа тужбата против Грција која преставува една наша победа, отварање на прашањето на бегалците од егејска македонија.

 Image result for никола груевски

Деновиве чувме дека  Викилис објави документ на својата страна дека уштео од 2008 година, летото било прифатено името Северна Македонија, не знаме дали се работи за уште еден спин или фалш на Стејдепартменот, но ова малце ме потсетува како да сакат да му кажат на народот, види народе и тие прифаќале северна македонија, па ако ние не го прифатиме, значи и тие кога ке дојдат на власт ќе го прифтата. Сакат да ги изедначат дека се исто! тоа помлку личи на планот на Стејдепартменот. Мислам дека и тоа е целта зошто баш сега е пуштен тој документ.
Но мора да се каже дека без оглед на се, секој човек на планетава земја си е сам крив и поради тоа секој човек сам си ја плаќа сметката за своите гревови, односно грешки што ги направил, тоа е нешто со што секој човек на овој свет се сочува во својот живот, па така и Никола Груевски.
Неколку работи кои би можеле да ги издвоиме како грешки на Груевски, кои сметаме дека токму тие го доведоа во ова ситуација во кој тој денес се наоѓа, и не само него го доведоа во денешната ситуација, туку и неговата партија.
1. Партизацијата. Партизацијата на општеството и на државните институции, односно сите вработени да имат членска книшка. Наместо уште од самиот почеток на владењето на Никола Груевски и ВМРО, периодот 2006-2008 година, да се прекинеше вработувањето со членска книшка и партиски вработување кога и се можеше, токму се продолжи спротивно со стариот систем, не се произведе нова вредност, дека знаењето и способноста треба да биде вистинскиот принцип на вредноста, а не тоа дали детето е наше или не!
2. Полнење со членоство од пропаднати партии, ВМРО се полнеше со членови од веќе малите проопаднати партии како што беа од ДРУМ на Доста Димовска, или од Партијата на Филип Петровски, потоа од Партијата на Љубе Бошковски од кога згасна овие партии, а претходно доста од овие членови биле на ВМРО, па излегле па пак се вратиле, се пунеше партијата со све нешто.
3. Илустрацијата. Не спроведување  на илустрацијата вистински онака како што треба, а тоа е што требаше илустрацијата да се спроведе на сегашната генерација, ова генерација требаше целосно да пројде низ процесот на илустрација, за да му се овозможи на општеството да се прочисти, старите сили на УДБА остана и се уште се не променети.
4. Се дозволи за време на шарената револуција , чиј предводник беше СДС и Сороспите, а главен финансиер амбасадата на кале и УСАИД,  Никој од таа мастер револуција да не биде казнет за сторените дела како што се уривање и кршење на институците, за навреди и клевети, за разни преговори и договори помеѓу тогашната опозиција и надворешниот фактор. Сега кога тие квислинзи се на власт мошне добро можеме да видиме и  кога е обратна ситуацијата, ние штон бојкотираме за се нешто не казнуват и ако ние не рушиме институции како шарените.
5.Бомбите и Аферата пуч. Уште од самиот почеток на Аферата пуч и бомбите, Груевски ни вети дека ќе оди до крај да се расчисти целиот тој случај, како и ни кажа дека све ќе каже кој се стои  зад сите тие случувања, за тоа кој е чадорот, сепак Груевски не отиде со расветлување на овој случај до крај. Дали се работи за тоа дека се фатени некоин негови соработници, партиски пријателчиња, колеги, јас не знам, но и да е така, тие не можат да бидат поважни од државата и од неговиот чист образ.
6. Пржинскиот договор. Следната грешка која Груевски  ја направи, а според нас е, и најголема, е тоа што Груевски, а преку него и ВМРО, го потпиша и прифати пржинскиот договор, со што започна процес на разградување на Македонската држава и институците, и што фактички значеше фактички елиминација на него и неговата партија, односно одземање на победата на ВМРО на последните парламентарни избори кој му ја даде Македонскиот народ, Фактички со пржинскиот договор ВМРО се откажа од власта, доброволно ја предаде власта и овозможи една опструирана власт да дојде на политичката сцена во Македонија.
7. Признавањето на нелегитимната власт. Со учеството во парламентот на седниците, наместо бојкот и неучество во седниците на собранието, во пратеничките групи, со ова како тој, така и неговата партија ја легитимира новата власт и премиерот како легитимни преставници, и ако е нелегитимна, бидејќи знаеме  со каква сила дојде денешната власт.  Со признавањето на легитиметот на сегашната власт, беше очекувано да се започне со лов по ВМРО, еден вид на одмазда, особено спрема Груевски, и тоа баш сега кога престои референдум и бојкот на референдумот, се со една цел за да се изврши притисок врз партијата да излезе на референдумот. Груевски и даде легитимитет на сегашната власт за да самата денес таа го гони.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено  

Comments

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...