Skip to main content
ПОСЛЕ БОЈКОТИРАЊЕ НА ПРЕСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ОДИМЕ НА НАРОДНО И УСТАВОТВОРНО СОБРАНИЕ



Неуспехот на изборите ќе значи повторно организирање на нови избори после 40 дена од првите избори и тие ќе се бојкотират и тогаш  ќе значи дека системот кој е воспоставен веќе 29 години, по прецизно кажано  политичкиот систем  ќе влезе во криза, ќе крахира, тоа ќе значи дека понудата на двете политички партии веќе ја завршила својата работа кај народот, народот не одговара на она што како политичка понуда се нуди, а тогаш единствено решение  ќе биде формирање на народно и уставотворно собрание што ќе биде вовед во формирање на нова република 


Пред да почнам за изборите кои не очекуват на 21 во недела, сакам да прашам некој јавно да ми каже, знае ли некој што значи држава? знае ли некој да ми каже зошто државата се поисоветува со куќа? Економијата најчесто се поисоветува со куќа, односно државата ја поисоветува со куќата, бидејќи како што куќата има свој газда или газди така државата има свој стопан или газди кои управуват со неа. Хрватите за својата држава викат домовина  од зборот дом, ете ви добар пример за поисоветување на државата со куќата и домот. Чим домот или куќата има свој газда или стопан, логично е државата исто така да има свој стопан или газда, а тој стопан е народот кој е суверен владител на една држава, во овој случај тоа е Македонскиот народ. Во недела на изборите да им покажеме дека стопани сме ние Македонскиот народ.

Државата, домовината или куќата  која во моментов се наоѓа под фашистичка окупација од страна на квислинзите на црпката Заев и компанија помогнати од белосветските фашисти се решија најпрво до темел да ни ја раскурцат куќата. Најпрво со претварање на Македонија во територија (1998); Рамковен договр кој значи влез во закочување на функционирањето на државата (2001); територијална поделба која означува вовед во федерализација на држават, Тиранска платформа (2017); Бугарски договор (2017); Преспански договор (2018). Ни окторира нова држава Република Северна Македонија (РСМ), наспроти волјата на народот изразена со референдумот од 30.09.2018 година и сега барат да излеземе да гласаме за преседател на така наречената окторирана северна.
Второ прашање кое го прашуваме е за кој андрак ќе одиме на избори , за избор на преседател на севернава ли? на какви избори ли ќе одиме? избори организирани од квислиншката власт на црпко Заев? да му излеземе во пресрет за да си ја поништиме волјата од референдумот на кои кажавме НЕ за промена на името, НЕ за ЕУ и НАТО. Мене навистина не ми е јасно како може професор како Гордна Силјановска Давкова да прифати да учествува на избори ем за преседател на РСМ, ем избори организирани од страна на фашистичката власт. Има ли памет женава што прави?
Како што констатиравме државата, куќата, домовината  во моментов ние под фашистичка окупација под фашистичка окупација со домашни квислинзи, единствен излез од целата ситуација е непослушноста од страна на народот, што значи силен БОЈКОТ! Нека види цел свет дека народот не е на нивна страна. Најсилно оружје против ова власт е тоа што народот е од спротивната страна на нивната политика, во исто време тоа е и најголемата слабост на власта што го нема народот со себе.Нека не ве лаже умот на ДПМНЕ дека со избор на преседател од нивните редови тоа ќе значи крај на квислиншката власт. Дали некој господава ги просветлил? Знат ли тие дека со самото учество на избори организирани од страна на квислинзиве стануват нејзини потенцијални учесници. Има кажал ли некој? им кажал ли некој дека квислиншката власт се бута со целосен пад на системот, а тоа може да се постигне со бојкитирање, да не речам со апсолутна непослушност на системот. Во поновата историја познат е случајот на КПЈ од 1929 година кога во Крлаството СХС кралот Караѓорѓе ја воведе шестојанураската диктатура КПЈ влез во илегала, не сакаше да учествува во диктаторскиот режим на Караѓорѓе, Истот тоа требаше да го направи ДПМНЕ после пржинскиот договор, наместо во илегала заедно со народот тие влегоа во игра од која тешко можат да излезат.
Бојкотот на изборите во недела треба да биде силен да им покажеме дека ние народот не сакаме да учествуваме во нивниот фашистички проект. Неуспехот на изборите ќе значи повторно организирање на нови избори после 40 дена од првите избори и тие ќе се бојкотират и тогаш  ќе значи дека системот кој е воспоставен веќе 29 години, по прецизно кажано  политичкиот систем  ќе влезе во криза, ќе крахира, тоа ќе значи дека понудата на двете политички партии веќе ја завршила својата работа кај народот, народот не одговара на она што како политичка понуда се нуди, а тогаш единствено решение  ќе биде формирање на народно и уставотворно собрание што ќе биде вовед во формирање на нова република со нови сили,  со нови политички партии, со нови политичари и враќање на сето она што ни е одземено и украдено.
Почитуван читателу! не дозволувај да останеме без куќа и дом. Ако некогаш не си видел што значи човек без дом појди кај некој бездомник и види како му е! размисли зошто бездомникот не може ништо да направи за да си го подобри својот живот? бидејќи нема покрив, кров, дом за да се бори за својот живот. Да не дозволиме и ние да бидеме како Ромите да шетаме од држава во држава. На ромите им е таков животот благодарејќи на тоа што немат куќа и дом, односно држава, немајќи го домот и куќата, седејќи вечито под кирија, токму поради тој факт дошле до овој степен до кои тие се дојдени, секој курташ да си прави што сака со нив! да не дозволиме и со нас да биде истото.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено April 17, 2019

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...