Skip to main content
Државотворна партија, без државотворна политика



   Во поглед на надворешната политика за прашањето што го имаме отворено со Грција кое е наметнто однадвор, СДСМ најверојатно се определиле за негова промена, али сето тоа да се случи лека полека кон тоа ни укажуват неколку факти.        
        
Клучот на сите случувања и работи од кои ние денес сносиме последици се наоѓат токму во деведесетите години, односно по прецизно речено на почетокот на нашата самостојност и независност. имено тогаш се случија неколку крупни работи проблемот на Македонија со Грција во поглед на името и идентитетот, приватизацијата која предизвика економска криза, политички единствена партија, нефункционалност на политичкиот пурализам и демократијата.                                                                        
Социјалдемократскиот сојуз или бившиот Сојуз на комунистите  на Македонија во текот на деведесетите години се прогласи за единствена државотворна партија, да ! али ова партија остана без својата државотворна политика.               
                                     
Уште од самиот почеток на нашата независност и самостојност на првите пуралистички избори победи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и одма уште на старт мандатот беше оспорен од тогашниот СКМ-ПДП тоа навести следување на страшни турболенции како и за политичкиот прфил и карактер на СКМ-ПДП ( денес СДСМ), па се направи колаициона влада.  на тој начин преку контрола на власта и државните институции СДСМ си обезбеди  своја сигурна победа на изборите во 1994 година и тоа не само со една фабрика на пасоши ами со три фабрики на пасоши.                                                       
Во поглед на надворешната политика за прашањето што го имаме отворено со Грција кое е наметнто однадвор, СДСМ најверојатно се определиле за негова промена, али сето тоа да се случи лека полека кон тоа ни укажуват неколку факти.                            
Првиот преседател на на независна Македонија Киро Глигоров уште во 1993 година, за време на неговата прва посета на Атина дал изјава во која се согласува дека Македонците се словени, дојденци кои немат никаква врска со Александар Македонски . глигоров дал усмена согласност, али писмено не потпишал, да имаше писмен доказ до сега истиот ќе беше обелоденет.                                                                                                                       
Овој факт како и фактот за време на изборната кампања од 1994 година, Глигоров кажа една значајна реченица името останува. со ова реченица Глигоров фактички си ја зацрта својата судбина. токму атентатот на Глигоров беше како казна. голем број од фактите укажуват дека атентатот на Глигоров беше испланиран од надвор, а плански беше спроведен од внатре                         
Да не заборавиме дека за време на владењето на СДСМ се откажавме од знамето со симболот од Вергна, исто така прифативме референца  бивша југословенска република Македонија за прием во ООН, потпишувње на привремената спогодба. на тој начин пртивме сигнал дека сме спремни да се откажеме од споственото име и идентитет и на тој начин да се избришиме како народ.                                                                 
Бранко Црвенковски уште како преседател во 2005 година ја погласи двојната формула како одлична основа за решение на проблемот со името, на тој начин процесот на преговои се помести, односно претходно референцијата БЈРМ важеше само за Грција за цел свет сме Република Македонија, со тоа им се даде можност на целиот свет да му се укаже да не условуват со БЈРМ, односно кој како сака. од овие произнесени ставови може да се види дека СДСМ фактички според наше мислење дека се согласила на прмена на името и идентитетот, но во тајност и да тој цел процес се одвива пополека дел по дел.
Последната работа која ја слушнавме пред извесно време и тоа лично од Зоран Заев дека тој е спремен да ја воведе двојазичноста на целата наша територија, се разбира доколку победи на следните избори. ќе го воведе Албанскиот јазик како службен јазик, со тоа што Македонија би станала двојазична држава. со што ќе се отвори прашањето за нејзина федерализација на два ентитета  Македонски и Албански ( како и во  БиХ).             
Заев во интервјуто рече дека конечно дошло времето за тоа како да ја дефинираме државата, фактички тоа дефинирање на државата( во Федерална, Унитарна , конфедеална, кантонална), тоа е крунски доказ дека со двојазичноста  во Македонија фактички се отвра прашањето  за нејзино редефинирање што пред наше мислење е вовед во федерализација.
Можеме да констатираме дека СДСМ е партија без идеја, без своја концепција и програма, без квалитетен кадар, без влада во сенка и сл. изгледа дека уште долго време ова партија државотворна партија која се огласи за единствена партија, а сите останати кои не се согласувват со нив ги прогласуват за терористи, диктатори и сл. државотворанта партија остана без својата државотворна политика.

Мишко Ливрински Кубрајт, Скопје 
објавена во дневник 2016 година)

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...