Skip to main content
МАКЕДОНИЈА Е ПОД ОКУПАЦИЈА, НАРОДОТ ВЛЕГУВА ВО ИЛЕГАЛА ЗА САМ ДА СЕ БРАНИ




# СМРТ НА ФАШИЗАМ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ #

Јас не знам почитувани читатели дали ја гледате големата слика? но мислам дека сите ја видовме во текот на последниве шест месеци. СДС е веќе готова, мртва партија по сето ова предавство што го направи. Но сега доаѓа и крајот на ВМРО-ДПМНЕ, после овие 28 години, овие две партии раководени од УДБА, без лустрација самите се лустрира. Како и Мојсеј во стариот завет на библијата кога го шуткаше Еврејскиот народ 40 години низ пустината за да се прочисти Еврејскиот народ што преставува првата пишана лустрација во историјата на човештвото.

Тоа што се случи во петокот вечерта беше чин на класична окупација на евроатланската бирократија и чијашкиот Вашингтон преку домашните квислинзи, фактички со ова веќе Македонија е окупирана. Македонскиот народ влегува во илегала за сам да се брани. Во моментов нема ниту институција, ниту пак институт што не е окупиран а камоли слободен, све е окупирано и под окупација. Во моментов немаме ниту лидер, ниту маж, ниту куче, ниту маче кое ќе пролае за да ја одбрани Македонија. Како што вели народот село без кучиња. Жалосно и ДПМНЕ си легна на брашното, сега станува јасна улогата на ДПМНЕ, и пред и после пржинскиот договор, се е јасно! се да ти било договорено да се дојде до ова фаза до која дојдовме во петокот вечерта.
Ситуацијата е следнава на една страна ја имаме волјата на Македонскиот народ против промена на името и идентитето на Македонскиот народ која кристално јасно е изразена на референдумот, а на друга страна ја имаме квислиншката влас која по секоја цена сака да го протурка преспанскиот договор, заобиколувајќи ја волјата на Македонскиот народ. Не сомневно тоа укажува дека Македонија од петокот е веќе под окупација. Токму заобиколувањето на волјата на Македонскиот народ укажува на тоа.


Нашите политички партии во изминативе две години целосно капитулира пред Македонскиот народ, особено е изненадувањето на ВМРО, за нас кои ја следевме ситуацијата од пржинскиот договор, па се до денешен ден, особено нивното однесување ни стануваше јасно дека ќе дојде до ова ситуација во која денес се наоѓаме. ДПМНЕ така коперативно се однесуваше во изминатиов период, што за нас обичните луѓе беше сватливо дека ја играт улогата на помагач во целиот процес на обезглавување на Македонија. За СДС е познат фактот дека не ја саката Македонија ( се мисли на нивното раководство) уште од нејзиното осамостојување. Бранко Црвенковски не сакаша да стане на химната во Собранието на Македонија, Стојан Андов избега од Македонија додека се прогласуваше независност, и го оставија сам Киро Глогоров да прогласи независна Македонија, а Васил Тупурковски се уште се надеваше дека Југославија ќе преживее и ќе се обнови. Кај ДПМНЕ Друга е целта, тие сака да ја злоупотребат Македонија за нивни  свои лукаративни цели. Значи и на двете партии не им беше важна Македонија како држава во права и вистинска смисла. Овдека и можеме да го најдеме одговорот зошто цели дваесет години талкавме во место.
Втора работа што е важна за двете партии е што тие има за цел вината поради сопствените политики и политичките цели да му ја префрлат на народот, они да си останат чисти, а народот да биде виновен, поради нивните зацртани политики. Поради тоа беше смислен референдумот за да му се префрли вината за одлуката на народот.
Македонскиот народ токму на референдумот од 30 септември со бојкотот издвојува успешна победа. Македонскиот народ издвојува победа со тоа што гласно и јасно кажа пред целиот свет  дека е против фашизамот на евроатланскиот свет, односно она што тој му го нудеше како фашистички предлог, а тоа е промена на сопственото име и идентитет, против влегувањето во ЕУ и НАТО, што преставува првокласен шамар за евроатланските фашисти. Токму таа добиена шлаканица во петокот требаше да се сруши со окупација на Македонија во собранието и на тој начин да се порази Македонскиот народ.
Окупацијата има свој рок на траење, таа не е никогаш вечна. Македонскиот народ ќе ги победи окупаторите и домашните квислинзи, исто како тоа што го направи на 30 септември.
Најпрво треба да се направи генералка на куќата Македонија. Тоа ќе се направи со свикување на уставотворно собрание со кои ќе ги поништиме сите на сила донесени договори : Рамковниот, Пржинскиот, Бугарскиот, Преспанскиот договор. Ќе донесеме одлука за ставање на крај на досегашните политички партии и политичари со нивните неславни кариери. Рестарвација на стариот устав од 1991 година и враќање на АСНОМСКАТА преамбула со која се дефинира дека Македонија е земја на Македонскиот народ и народностите кои живеат во неа, Македонскиот народ да се врати како Суверен стопан и владител на Македонија. Ќе се формират нови политички партии со нови политики, со политика на неутралност во политичка и воена смисла спрема истокот и западот, а не како до сега гледај на запад. Ќе донесеме одлука  на предавниците доживотно да им се суди со одземање на граѓанските права и државјанството.
Јас не знам почитувани читатели дали ја гледате големата слика? но мислам дека сите ја видовме во текот на последниве шест месеци. СДС е веќе готова, мртва партија по сето ова предавство што го направи. Но сега доаѓа и крајот на ВМРО-ДПМНЕ, после овие 28 години, овие две партии раководени од УДБА, без лустрација самите се лустрира. Како и Мојсеј во стариот завет на библијата кога го шуткаше Еврејскиот народ 40 години низ пустината за да се прочисти Еврејскиот народ што преставува првата пишана лустрација во историјата на човештвото. И кај нас после 28 години шиканирање и шутирање, само од себе природно дојде  времето  да се лустрираме. Чистката сама од себе си дојде, како и во стариот завет бог сега сака Македонија да се очисти од прлавото мочуриште и пајажина која 28 години се плетела.
Големата слика ја видовме! Видовме дека СДС и ВМРО се едно исто. Како што кажавме СДС е мртва партија со нивната политика самите си се збришаа. ВМРО се најде во тешка ситуација, тотално е изгубена поради политиката која ја водеа, а која е во различен исчекор со она на Македонскиот народ, особено што тие разбра дека играчот од спротивната страна е веќе мртов и дека на нивно место ќе се појави нова левица. Во тој контекст е разбирливо барањето на Мицковски за нови избори за да се спаси газ во последен миг додека и на нивниот десен терен не се појави нова десничарска партија која ќе им го превзеде местото.
Моето прашање до ВМРО со што ќе излезат на избори? со колку патишта и фискултурни сали ќе ни изградат, па времето не е за таква политика. Се работи за тоа дали ќе опстои куќата Македонија. Досега ништо не понудија за тоа што ќе превземат за спас на куќата Македонија. Дали ќе ги раскинат претходните договори, Бугарскиот и Преспанскиот договор? со ова покажуват дека и тие се веќе истрошена партија.

# СМРТ НА ФАШИЗАМ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ #

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...