Се спрема нова Јалта и Версај за Балканот


  Денеска сме 2016 година, за две години доаѓа 2018 година, пред сто години се случуваше версајскиот мировен договор со што беше воспоставена политичката карта на Европа и Балканот. Бившата Австриска министерка за надворешни работи Урсула Пласник уште во 2006 година ги кажа датите кога ќе се решава балканскиот јазол 2013 и 2018 година.


На балканот во последно време нема ништо ново, освен тоа што кризирaат сите држави наеднаш, кризира Хрватска, БиХ. Србија, Црна гора, Македонија, Бугарија и Грција само што не започнале, а се најуваува и политичка криза и во Албанија.
Свързано изображение
Суштината на целата работа е да се симнат нацоналните влади (избрани од народот на регуларни избори), а со цел да се стави крај на националните држави на балканот, овој план е скроен од дамна од страна на Американската црна аристократија билдерберг.
Крајот на студента војна, падот на комунизамот, доведе до нови промени на балканот, дојде до распад на државата Југославија, земја која опстојуваше помеѓу два блока. Почнаа војните на балканот, од самите војни произлегоа најразлични меѓународни договори, и тоа Дејтонски (за Босна), Кумановски (за Косово) и Рамковен (за Македонија).
Фактички со овие договори добивме нефункционални и лошо вградени држави. Но тоа што е полошо со овие договори беа замрзнати, и нерешени воените конфликти. Конкретно како пример тоа се Босна и Македонија. Босна каде нема никој победник ниту пак порзен во војната, таму конфликтот се замрзна на таков начин што секој доби свое парче земја на која има своја власт. Македонија пак и до денешен ден не се знае од кого беше нападната, кој ја нападна, од кого се бранеше државата. И овој конфликт се реши со разградување на политичкиот и правниот систем, создавајќи таков систем што е невиден досега во историјата на човештвото (рамковен) и сето тоа го направи Американската администрација со нејзините Европски партнери преку нивните дипломати Ричард Холбурк и Карл Билт.
После потпишувањето на овие договор доаѓа следнава фаза кога овие замрзнати конфликти ќе мора да се одмрзнат и трајно да се решат. И уште сево ова поинтересно да биде сето ова се случува за време кога се навршуват сто години од версајскиот мировен договор со кои се вопоставени границите на земјите на денешна Европа.
Денес состојбата на Балканот е следнава: Босна и Херцеговина ќе се подели на два дела со што Република Српска најверојатно ќе биде колачот кој ќе ја компензира Србија за загубата на Kосово. Распадот на БиХ не знам дали би можело да се одвива на мирен начин, бидејќи во историјата не е познато кога умира една држава нејзината смрт да се случува на мирен начин. А и во однос на распоредот на светските сили доколку би дошло до воена разврска, таму би имало војна која би била покрвава од она во деведесетите години.
Косово како протекторат или провизорум од држава се гледа дека тешко функионира, тоа се должи на слабиот капацитет на Албанските политички елити, на несериозноста на Eвропската политика, како и на запоседноста на тој простор од страна на западниот корумпиран свет, западната мафија го завзеде просторот на Косово и тоа може да се види во трката на рудните богаства и минерали каде се присутни во трка бизнс компаните на Медлин Олбрајт и Весли Кларк.
Косово тешко може да функционира како држава без оглед дали би било во целост со северниот дел или без него. Изгледа дека тоа уште долго време ќе остане под владение на западот, затоа и е потребно ширење на неговите гранции, поради тоа погледот на Косово и Косоварите е свртено спрема Македонија. Косово е тешко решлив проблем за западот кој сам си го искреира од свои мафијашки и бизнис интереси.
За Македонија како држава најпрво се планира јазично да се федерализира и врз основа на тоа да се изврши територијална федерализација, а со тоа да се постигне посакуваната цел промена на името и идентитетот. Со федерализација на државата, односно разграничување на Албански и Македонски дел, би се постигнал саканиот ефект, државата не би била повеќе едно национална држава, туку држава на две етнички заедници, не би ја одразувала новата суштина и тогаш ќе се тргне во потрага по нејзиниот одраз во името, на пример ИлироМакедонија, ИлироСлавјанска држава, централно балканска република и сл.
Конкретно мојата теза за Рамковниот и Дејтонскиот мировен догово е дека се направени со една цел на мирен начин и внатрешно државите да се распаданат, односно да се самоукинат. Тие да преживеат одреден временски период, да станат нефункционални држави и потоа шумарот пред цел свет ќе излезе со поделба на овие земји помеѓу соседите како најдобро решение.
Денеска сме 2016 година, за две години доаѓа 2018 година, пред сто години се случуваше версајскиот мировен договор со што беше воспоставена политичката карта на Европа и Балканот. Бившата Австриска министерка за надворешни работи Урсула Пласник уште во 2006 година ги кажа датите кога ќе се решава балканскиот јазол 2013 и 2018 година.
Во екот на распадот на СФРЈ, западот сметаше дека од распадот на Југославија како независни држави ќе произлезат само Словенија и Хрватска, а останатите републики ќе останат во заедница со Србија. Тоа многу добро го покажува книгата на Збигњев Бежижински “шаховската табла“ каде во картите за балканот Македонија беше како дел на Србија, а БиХ или дел на Хрватска или дел на Србија или пола пола, важно никогаш не беше предвидена како и Македонија да биде држава.
Бадентеровата комисија во 1991 година после прегледот на уставите на југословенските републики кои конкурира за независност, одлучи дека Македонија и Словенија се единствените држави кои ги исполнуват условите за независни држави, Македонија до денешен ден не е признаена како држава. Во јануари 1992 година ЕЗ ја донесе Лисабонската декларација во која на Македонија и беше даден ултиматумот да го промени своето име и да одбере име кое нема да го содржи името Македонија, а на БиХ и беше поставен услов да најде внатрешно територијално решение (преуредување на државата) за да биде признаена како независна држава.
Во септември 1992 година се одржа лондонската мировна конференција на која ЕУ беше спремна да ја проголта поделбата на БиХ, односно да ги верфикува Српските и Хрвтските освојувачки походи. Во една анализа на карингевата комисија за балканот се произнесе ставот дека БиХ и Македонија се невозможни држави и за траен мир на балканот најдобро е да се поделат помеѓу соседните држави.
Во 1998 година, Македонија во трговскиот регистар на Еу беше спуштена од држава во збир на територија како Палестина. Во 2005 година со територијалната поделба, Македонија фактички се најде пред свечен чин за нејзино територијално разграничување.
Сите овие настани и случувања во минатото како и оние што денеска се случуват, овие кризирања и револуции на балаканот, покажуват едно нешто, а тоа е одржување на нова јалта и версај и токму во пресрет на стогодишнината од првиот версај. Дури и бившиот заменик на ЦИА Стивен Мајер излезе со ставот дека кризите на балканот се со една цел да се променат границите на Косово, БиХ и Македонија.
Со преуредувањето на Балакнот сака да се постигне една цел, а тоа е просторов да добие свој господар, односно тој да стане колонија на современиот западен свет чиј интерес е да се дојде до природните ресурси кој се присутни на овие простори, јаглен, никел, минерали, но и водата која е главна цел на Американската политика, а балканот избувнува со големи количества на подеземна вода, која Американската политика ги има проценето како големо богаство.
објавено во дневник  јуни 2016

Comments

Popular posts from this blog