Skip to main content
НАПРЕД БОЈКОТИРАМ 
Во поглед на престојните преседателски избори, можен е исход во три сценарија кои би можеле да се видат во поглед на престојните избори.

Веќе месец дена како измина од кога партите ги предложија своите кандидати за избор на новиот преседател на државава. Сдс и кандидатот Стево Пендаровски отворено и јавно кажуват дека нивниот кандидат е кандидат за преседател на Република Северна Македоннија (РСМ), тоа може да се види и од рекламата  на нивната кампања каде впрочем и стои напишано.  За разлика од нив ДПМНЕ убедува дека нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова е кандидата за избор на преседател на Република Македонија и ако таа ни кажа јавно дека е легалист и дека ќе го почитува новото име на државата.
Во поглед на престојните преседателски избори, можен е исход во три сценарија кои би можеле да се видат во поглед на престојните избори.
Прво, Изборот на Гордана Силјановска- Давкова  како избор на кандидат на ДПМНЕ за преседател ќе има за цел да го апатизира  Вмровското гласачко тело, да не излезат на гласаење се со цел, за да победи против кандидатот на СДС во овој случај Стево Пендаровски. 
Второ Сценарио, Изборот на кандидат за преседател на СДС , Стево Пендаровски  кој како кандидат ги изгуби преседателските избори во 2014 година , и кој досега се има доста избламирано на политичката сцена со неговите глупави и цинични изјави  како дека народот е глупав, стока и сл. Што на нормален, асален и човек со здрав мозок после тоа би му било страм не да се обрати, туку да се појави пред сопствениот народ, а камоли да го бара неговиот глас. Гледате дека депчково ни страм ни перде има не да се појави пред сопствениот народ, туку и гласот го бара од него, зада после тоа да го вреѓа. Во ова второ сценарио изборот на Пендаровски како Кандидат за преседател на СДС би бил со цел да се апатизира  Македонскиот народ ( нормалниот гласач) за да излеза да гласа за против кандидатот , во овој случај за Гордана Силјановска - Давкова. Но во случај на победа на второво сценарио треба да е се договорено. Договорено  за СДС да стави таков слаб и без капацитетен човек, кој ќе го апатизира гласачкото тело во корист на против кандидатот, дали тука станува збор за дилот на Мицковски со Хан за тоа Мицковски да не го попречува процесот за прифаќање на името РСМ, навистина не се4 знае! и дали е ветено од страна на Хан  најпрво преку преседателски избори, а потоа преку парламентарни избори ДПМНЕ да се врати на власт, тоа не го знаеме, но сигурно е дека некаков договор се има.
И третото, последно сценарио е бојкотот што е и најверојтано победоносно сценарио. Бојкотот ги врзува сите апатизирани гласачи и од едната и од другата страна, сите оние Македонци кои се против легализација на северната ( без оглед дали се лево или десно орентирани), сите оние кои сакат радикални промени, сите оние кои се против 30 годишната игра „ Симни се мурто, качи се курто.“ „ ти мене  војводе, ја тебе сердаре.“  Е тоа е бојкотирам кој со сигурност ќе издвојува победа. Еднаш издвои на 30.09.2018 година, сега повторно ќе издвои победа. Да не ве лажат различни анкети, бројки, посети на митинзи, народот инстиктивно си знае што треба и како да прави. Тој силно ќе бојкотира!
Токму како што можевме да видиме во последно време бојкотирам е силно нападнат. Ги плашат двете наши партии СДС и ДПМНЕ. Притисокот спрема бојкотирачите, поединците и групите е силен.  ДПМНЕ е во страв членството слабо му се ажурира. Заев е во паника  не може да му се легализира Севернава, ако не успеат преседателеските избори, севернава му останува Мртвороденче затоа сака избор на преседател, цензусот и изборот на било кој кандидат за преседател ќе се смета како легализација на Северната му.
Љупчо Палевски - Палчо беше приведен поради тоа што Бојкотира и поради тоа што на виделина изнесе бомби како за власта, така и за опозицијата. На нашата Фашистичка власт и се допаѓа кога само кога таа пушта бомби, клевети, оговара, ами кога друг за нив истото го прави тогаш не е во ред! само тие си имат право да пуштат афери за други, бомбичиња, да оговарат нели? во 2009 година, истите овие типови дека само тие имат право да владеат со Македонија, дека само на нив им припаѓа тоа право! ако тоа може да се толкува тоа значи дека дечкиве од старт ни кажа дека тие се самобендисани, дека тие се над останатите, над нас обичните, над народот и они нема за што да одговарат над останатите.
Новинарот Бобан Нонковиќ беше нападнат на facebook  поради тоа што бојкотира! се на све бојкотирачите се нападнати. Загриженост за престојните избори постои на двете страни, тоа можеме да го видиме од изјавите на Заев како и на Мицковски дека најмногу им е страв дека народот ќе бојкотира тие двајца го повика народот масовно да излезе и да гласа. Затоа напред бојкотирачи да им покажеме које е власт и суверене на ова држава и дека нас суверените газди имат право тие да ја респектират нашата волја.

Мишко Македонски Ливирински, Скопје, Македонија.
објавено  April 09, 2019

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...