Skip to main content
Балканот помеѓу Берлинскиот конгрес и втората светска војна


Македонија е ставена во дирекна ситуација како да се наоѓа во втората светска војна. Македонија е дирекно оспорувана од своите четри соседи, нивното барање за нејзино дирекно укинување  на нацијата, јазикот, црквата, постоењето е чист фашизам сличен како што им се правеше на евреите во втората светска војна. И сето ова се прави под дирекна контрола на Брисел и Вашингтон, со нивно учество.

Проблемите кои денес ни се случуват на балканов не се искреирани од денеска за утре. Тие влечат свои корени уште од деветнаесетиот век, а главен виновник како и тогаш така и денес е европската дипломатија, бидејќ таа ги создаде тие со нејзината прва интервенција, урушувајќи ги двете импери на балканов,Отоманската и Австро-унгарската империја и на тој начин го отвори балканското прашање во чиј колсек спаѓа и Македонското прашање. Па така европската дипломатија ги отвори Македонското, Бугарското, Албанското, Српското, Босанското прашање и.т.н.
Првата интервенција на Европската дипломатија беше на Берлинскиот конгрес 1878 година, фактички е отворено Балканското прашање, а со него и Македонското прашање кое трае до денешен ден. На тој Берлински конгрес своја независност добија државите на кои им вметна кралеви, односно сатрапи. Па така Бугарија, Романија, Грција, Србија, а подоцна за време на балканските војни и Албанија добива независност од кога и на неа и наметна крал, односно сатрап.Кралските врски им беа од една иста фамилија САКС-КОБУРГ и ГОТА кои владеа и владеат со сите кралски фамилии во цела Европа. Првиот Бугарски крал е Фердинад Сакскобурговски, ами не е Бугарин.

Image result for raspad jugoslavije

Македонија заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска беа извисени на Берлинскиот конгрес, односно не добија независност. Проблемот лежеше во тоа што овие држави има чисто републиканско движење и политички партии како што беше тогашната Македонскан револуционера организација, кај Албанците чисто републиканско движење беше Призренската лига. Тоа беа причините што овие држави за време на Берлинскиот конгрес беа шиканирани.
Втората интервенција на Европската дипломатија  настанува после завршетокот на првата светска војна во 1918 година, кога се исцрта границите на современа европа и балканот, и се воспостави светскиот поредок кој трае до денешен ден. Имено, Македонија тогаш беше втурната во новосоздадената држава југославија како јужна србија, со тоа се продолжи мисијата од 1878 година, токму поделбата на Македонија после Балканските војни е доказ за продолжетокот на европската дипломатија спрема балканот од 1878 година.
Мала интервенција настана после вторатља светска војна, Балканот остана со истите граници од 1918 година, Со мала интервенција со што југославија  внатрешно се преуреди во шест федерални држави и нации. Создавањето и одржувањето на Југославија имаше одредена цел. Нашата теза е дека југославија , беше создадена и подржана од европските сили за да дејствува како еден вид на замрзнувач, за да ги замрзне балканските јазли кои во претходните период ги имаше создадено европската дипломатија. Така постоњето на југославија го замрзна Македонското прашање, Српското, Хрватското, Босанското прашање, и имаше за цел да создаде нова нација југословенска која стана неуспех на европската дипломатија, мислејќи дека на тој начин ќе ги решат создадените проблеми од нивните претходни политики. Значи фриждерот југославија не реши ништо туку само замрзнуваше, ги ставаше проблемите по тепик ама не ги решаваше туку креираше дополнителни нови проблеми.  Така на пример српско- хрватскиот конфликт настана уште на почетокот од создавањето на СХС, бидејќи таа држава се создаде врз основа на теоријата  дека србите, хрватите и словенците се еден ист народ само со различно име и вера. Од тука и извира непријателството помеѓу србите и хрватите. Последиците од постоењето на југославија ги осеќаме уште од нејзиниот распад, а ќе ги осеќаме и во иднина.
Третата интервенција на европската дипломатија се случува при распадот на СФРЈ кога всушност НАТО воено интервенираше. Фактички со распадот на СФРЈ се вратија и старите нерешени проблеми, со тоа се потврдува дека југославија била фриждер кои требало да ги замрзнае старите проблеми и нерешени прашања, рушшењето или распадот на југославија ги одмрзна тие стари проблеми и прашања кои се провлекуват уште од деветнаесетиот век.
Што е поразлична денешната ситуација на балканот од она од крајот на деветнаесетиот век, почетокот на дваесетиот век, па се до крајот на втората светска војна. Се е исто, старите проблеми се вратија, големите сили кои порано го има напуштенон просторов повторно се вратија, балканските народи си ги вратија своите националфашистички идеи за „ Голема Албанија“, „ Голема Србија“, „ Голема Бугарија“, „ Голема Хрватска.“ и.т.н.
Што е поразлична ситуацијата денес во Босна и Херцеговина  од она во деветнаесетиот век и почетокот на дваесетиот век, не е ништо поразлично, старата песна се пее, србите и хрватите се уште сакат да си ја приграбата БиХ за себе како и во минатото. Бугарија се уште сонува за Сан стефанска бугарија како и во минатото, Албанија сонува да заграби територи од своите соседни држави каде што живее албанско малцинство, истата политика ја води и соседната србија, како и хрватска.
А што се однесува до македонија! Македонија е ставена во дирекна ситуација како да се наоѓа во втората светска војна. Македонија е дирекно оспорувана од своите четри соседи, нивното барање за нејзино дирекно укинување  на нацијата, јазикот, црквата, постоењето е чист фашизам сличен како што им се правеше на евреите во втората светска војна. И сето ова се прави под дирекна контрола на Брисел и Вашингтон, со нивно учество. Во ова интервенција тие учествува заедно со нивните емисари како што беа Ричард Холбург и Карл Билт не учеа да ги прифатиме фактите на теренот. Па така фактите на теренот во 1995 година, доведоа до Раскурцавање на Босна на три дела, потоа фактите на терен доведоа до кумановскиот договор за решавање на Косово, Фактите на терен доведоа до Рамковен договор во Македонија и доведувње на државата во ваква состојба каква што денес се наоѓа.
За крај можеме да констатираме дека балканот се наоѓан заглавен во лимбупросторот помеѓу берлинскиот конгрес и втората светска војна. Настаните и случувањата после распадот на југославија државата  фриждер, токму тоа и го потврдуват.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено  


Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...