Skip to main content
Ало бре! До кога вака?

Чудна работа е нашава Македонија во неа се е возможно дури и она што мислиш дека и во Зимбабе не е возможно, кај нас е возможно.
Пред неколку години одам во општина Карпош за да средам некоја моја работа, поточно ми требаше советот на општината. Си влегувам јас, на портирницата ме пречекува постар човек, јас му кажувам кој и што ми треба. А тој мене како повратен одговор ми вели дека општината нема тело кое се нарекува совет на општината. Да се чудиш човече! И ако пред самиот влез на зградата пишува совет на општина Карпош, а згора на тоа и во самиот закон за локалните заедници е предвидено дека една општина не може да делува односно да постои без совет на општината. Финолепо човекот ме изнесе низ вратата, наместо да ми излезе во сусрет тој ме исфрли.
Вториот пат ми се случи во полиција, каде што полицаецот во полициската станица во мојата општина не знаеше да ми објасни каде треба да пријавам промена на адресата на местото на живеење. Тој дури и ми објасни дека нема потреба од нешто такво да се изврши кај нив.
Да не зборувам за искуството на факултетите, освен за неуслуживоста на професорите, ами и тие на своите работни места ги нема. Нивното работно време и ако започнува од 8:30 и трае до 16:00, а нив веќе во 11:00 часот ги нема. Од фонд на часови со четири предавање и два вежби, тие држат само еден предавање и еден вежби, за да не им биде многу, бидејќи си немале време за наука, а науката од Македонија ја описмени целата Европа.
Можам да наведам уште Екс примери за да ја објаснам ситуацијата во која се наоѓа јавната администрација и служба во нашава држава. Впечатлив пример ми беше македонска пошта, каде се уште во 10:30 часот имат пауза за доручек и притоа ги остават своите странки да чекат половина час, нешто што не е замисливо во приватните банки. За здравството воопште и муабет да не правиме.
Јавната администрација веќе дваестина години е страшна работа во нашава земја. На што ли тоа се должи? На кадарот ли? На самото работно место? На образованието? Би рекле дека сите овие работи повеќе или помалку значајно имат влијание.
Сепак се чини дека најголем и најзначаен фактор на нејзината не ефикасност се самите луѓе. Не селективноста и слабиот капацитет на луѓето во денешните услови се должи на тоа што луѓето се вработуват на одредени работни позиции со членска книшка и протекции.
Вработувањето на овој начин во јавната администрација ја отежнува работата во државните институции. Притоа наместо да имаме ефикасна администрација која ќе биде во полза на граѓаните и државата, ние добиваме администрација која ќе биде во полза на одредена политичка власт и политичката партија која е на власт.
Секоја година барем еднаш кога ќе се соочам со службите во државните институции си го поставувам прашањето до кога ќе биде вака? Се додека политичката власт не свати дека дека државните институции не се на одредена политичка партија, туку во служба на граѓаните на државата и како такви им се потребни кадри кои комплетно и во целост ќе ја извршат нивната работа која е во ползна на задоволување на потребите и решавање на проблемите на граѓаните.
Втората работа зависи од нас самите. Сите ние како граѓани на ова држава го осудуваме вработувањето со членските книшки и протекците, ама кога ќе ни се укаже вработување со членска книшка или врска сме први да го прифатиме тоа што сме први да го осудиме без никакво колебење.
Ало бре! До кога вака? Ќе промениме ли нешто? Од нас зависи нели ние народот сме власт во една држава, нели ние сме суеверни, па ако е така до кога ќе се однесуваме вака.
Мишко Ливрински
објавено во дневник месец март 2016


Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...