Skip to main content
Ох  како је лепо бити глуп 


Работата е во тоа што овие политичари веќе се демастифицирани, нивната улога е веќе разоткриена, обичниот човек веќе одамна знае кој што е, какви се и каква е нивната улога и што сакаат да стората и да направат. За да се уверите во тоа седнете или застанете да разговарате со обичен човек, што интелектуалците го нарекуват прост човек, па ќе видите што одговор ќе добиете за сите овие  работи кои ни се случуват, вклучително и за политичариве во македонија и надвор од неа. Јасно им е све! како бел ден! дури и појасно име од ние што се занимаваме со политички анализи.
Види, Види бре нашиве политичари со ново компонованиов идентитет  во лабараторијата на ЦИА означен како „ Северен“ се изродиле како „ Северњаци.“ Решиле цел планетарен универзум  да ни го донесат во нивната  „ Северна “ за да не убедат , она што на ниеден нормален, пристоен човек  на планетава земја не би го направил, а тоа е да го убедуваш еден народ да си го смени своето име и идентитет, да се откаже од својата историја, јазик и култура. Па слушам од кога завршија посетите на Моргени, Хан, Курца, Жбогар, се најавува една тура на американски конгресмени и сенатори, а и бабава Меркел во нејзините старечки денови ќе дошла  да се прошета во „ севернава“, као боже ова да е старачки дом, па тука ќе дојде да им држи предавања на сенилни старци пред умирање со слоганот „ Како је лепо променити име и идентитета.“ А не и текнува на бабава да замине во баварија, па таму на баварците да им понуди да си го сменат сопствениот идентитет за да си живеат среќно и весело во идната им германија.

Работата е во тоа што овие политичари веќе се демастифицирани, нивната улога е веќе разоткриена, обичниот човек веќе одамна знае кој што е, какви се и каква е нивната улога и што сакаат да стората и да направат. За да се уверите во тоа седнете или застанете да разговарате со обичен човек, што интелектуалците го нарекуват прост човек, па ќе видите што одговор ќе добиете за сите овие  работи кои ни се случуват, вклучително и за политичариве во македонија и надвор од неа. Јасно им е све! како бел ден! дури и појасно име од ние што се занимаваме со политички анализи.
Секој ден сме сведоци на се позасилена пропаганда на јавните и телевизиски медиуми, печатот со тоа  скривено нивно „ Како је лепо бити глуп“, па промени си имета, односно стави си инекција за да се самоубиеш. Па ни ветуват ако го смениме името и идентитетот ќе добиеме среќен и весел живот до крајот на нашите животи,  небре се работи за влез во некаков свет од бајките на браќата грим.
Читам ката дневно како весников фокус не бомбардира со информации за тоа „ Како је лепо променити имена.“ Со нивни разни новинарчиња и експертутки како што е Ида Протуѓер, врбувана и индоктрирана во некои западни школи за пропаганда и сврдлавење, нешто слично како на времето кога беше школата на Кардел за идеолошка индоктринација. Девојкава смрдлја како да не привлече за некоја си европска македонија како единствен наш избор или без алтернатива. Па во истиот весник и на тие исти страници  ја читаме надалеку познатава филозофка кој никој во свет не ја цитира, Кита Бараџиева Кобле, филозоф од времето на Старделов, која по тоа што го пишува е тутурутка како и него во главата. Па ние кои не сакаме да си го смениме името и идентитетот сме луѓе без национаолна свест. За срамота надалеку познатиов филозоф Кобле кои никој во свет не сака да го цитира не знае што е тоа национална свест, а камоли национален идентитет. По се изгледа дека работава е во тоа што и неа како и Борјан Јовановски ја учеле дека сме словени дојдени од карпатите, нели борјан така го учеле така си знае човекот, така и филозофов кобле, а пред шести век како светов да не ни постоел бре! Македонскиот национален идентитет води свое потекло уште од време на антиката, бидејќи уште од тогаш како што знаеме  постоеле македонци и македонија и ние сме дел од тие македонци, а нашата држава продолжеток на античката македонска држава. Толку од знаењата и размислувањата на филозофов кобле кој во македонија никој не ја ни есапи.
Ех кога сме кај весникот фокус, денес ми падна во очи една колумна на покојниов Никола Младенов од 2008 година, насловена како „ Дали е најпосле  јасно за што преговараме.“ Во која покојниов Младенов ни кажува дека со промена на името не го менуваме идентитето, јазикот, историјата, што  всушност  беше став на сороспите, на бранителите на тезата да си го смениме името. Јас навистина не знам како ќе ни остане идентитето несменет кога тој извира од името на државата, секако дека со промена на името се менува и идентитето на нацијата, тоа е мошне добро образложено во договорот од преспа. Младенов понатаму пишува дека тој е влог кој нашава генерација треба да го направи, односно да се откаже од своето име и идентитетот. Фактички со ова негова колумна покојни младенов  ни оставил потврда дека и тој бил од истава дружина кои глумеле големи патриоти, а всушност сакале самоукинување на државата.
Но народов во последниве десет години инстиктивно виде кој што и за што е? виде кој му мисли добро, а кој лошо. Деминстифицирани се! маските одамна им се тргнати од нивните лица. Затоа нека си продолжат со нивната мисија. Ние со нашата.  Зошто народот на 30 септември ќе бојкотира, а потоа отиде хунтата, ќе дојде референдум за уставотворно собрание, а со тоа ќе започнат чистки во државата, еднаш мораме да се прочистиме како општество. На барабиве ќе им се одземат граѓанските права и на тој начин народот ќе им каже „ Како је лепо бити глуп.“ Уште малку има време.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...