Skip to main content
ВРЕМЕ НА НОВИТЕ ПОЛИТИЧКИ ИКОНИ 

Сите добро знаат од памтивек дека на ниеден политичар  никој и ништо не може да му помогне да се искачи на врвот кај народот ако нардот не ги сака. Се и сешто може политичарот да направи, но ако народот не те сака, тогаш џабе е све што ќе направи политичарот.

Како и многу пати досега сме констатирале дека доаѓа време на нови свети икони во политиката. Во Европа од дамна веќе се појавуваат како што е Мари Лапен во Франција, Земун во Чешка, Орбан во Унгарија, Путин во Русија, еве го и Матео Салвини во Италија.


Ништо не е случајно! ни времето ни местото! Токму времето  во кое денес живееме, настаните и случувањата , економското кризирање, моралното и социјалното кризирање ги раѓа новите лидери, односно новиот бран на политичари кои треба да ги заменат  старите салонски послушни политичари. Токму таков политичар во последниве години во Италија е Матео Салвини кои на последниве избори одлично се пласираше како победник. Победнички издвојува на регионалните избори во Сардинија каде што краен резултат е 6:0 во однос на социјалистичката партија на Ренци и Моргени.
Италјанскиот народ во понеделникот му ја додели победата  и довербата на Матео Салвини. А има и зошто:
1. На прво место кај Салвини е Италија и Италјанскиот народ;
2.  Добробит или општо јавно добро на својот народ и на својата држава е важна компонента во политиката на Салвини;
3. Салвини се изјасни против официјалната политика на ЕУ во поглед на мигрантите и мигрантската криза;
4. Во однос на ЕУ се истакнува како евроскептик и се залага за радикални промени во унијата.
Погледите на Салвини во однос на ЕУ е  изградба на унијата како дом на национални и суверени држави, односно Републики. Токму и тоа беше предмет на разговор во средбата со Полјакот Кацизински со кои се договорија Италија и Полска да го завземат местото на  Франција и Германија  и во тој проект да ги вклучат и националните партии на другите Европски држави.
Матео Салвини на одличен научин во интервјуто за Раша Тудеј, ја открива маската на Брисел ( односно новиот Вавилон) и ЕУ, обвинувајќи ги Брисел  и Европа дека го разбират само јазикот на парите. Затоа и не зборуват за принципите, за вредноста, солидарноста- туку за економските прашања. Одлично поентира Салвина, одлично разбрал дека Брисел е всушност дувло, спроведувач на политиката на белосветската олигархија.  Втора работа која што Салвина ја потенцираше токму она што е значајно за денешниот свет, односно болеста од која современиот свет боледува, а тоа е присутноста  само на матрејалната вредност во животот на човекот,  а не постои друга вредност, како што е духовната и социјалната вредност како што и тој самиот нагласува немање на принципи, вредноста и солидарноста она што на денешниот свет во голема мера му недостасува.
Во истото интервју  Салвина го изнесува својот поглед за иднината на Европа: „ Јас не сум против Европа. Јас сум за Европа, која прави малку работи, но ги прави добро,оставајќи слобода на избори на други фронтови за поединечни држави.“
Во однос на случувањата на Франција , Салвина иако е противник на Макрони, тоа можевме да го видиме уште во септември кога Макрони излезе со барање за создавање на Европска нација, тогаш Салвина  му рециплираше  да не прави будала од себе и од својата држава. Во поглед на актуелните случувања во Франција тој им даде апсолутна подршка на жолтите елеци. „ Ги подржувам  пристојните граѓани кои протестират поради преседателот  кој владе портив својот народ. “ ќе истакне тој.
Сите добро знаат од памтивек дека на ниеден политичар  никој и ништо не може да му помогне да се искачи на врвот кај народот ако нардот не ги сака. Се и сешто може политичарот да направи, но ако народот не те сака, тогаш џабе е све што ќе направи политичарот. Кај Салвина токму и тоа се гледа дека симпатите и почита на народот се благонаклонети спрема него. Таа почит и благонаклонетост  која Салвина ја ужива од Италјанскиот народ се должи токму на тоа што на прво место му се општото јавно добро на Италјанскиот народ и Италија. На сите анкети кои се направени до сега кај Италјанскиот народ покажуват дека токму поради тој факт укажува на голема доверба помеѓу народот. 
Значи доаѓа новото време со новите политичари во Европа и Светот. Идните политичари во идниот нов свет ќе бидат оние политичари кои на народот ќе му докажат дека на прво место и приоритет на политичарот му е сопствениот народ и сопствената држава. А не ЕУ и НАТО, не застапување на туѓи интереси, странски интереси, корпоративни интереси, свои лични интереси.
Кај нас за жал се уште нема политичари од таков калибар. Нашите политичари се уште се држат за правилот „ Глеј на Запад“ уште како навиени  навиват за ЕУ и НАТО, уште се надеват дека странските фактори, односно дека чадорот ќе ги донесе и одржува на власта. Никако да сватат дека во новото време нема да има место за такви салонски политичари,  кои се спремни само да држат говор за пред погреб и да бидат дворски шут ( Корисен идиот). Колку што гледам последниве две години токму и тоа го покажуват, дека е, и готово со старите класични политичари, па нека тие му ја мислат.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено  February 26, 2019

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...