Skip to main content
МЛАДИТЕ РОЗИ ЈА ИЗЕДОА МАКЕДОНСКАТА РОЗА

Младите рози мртви и ладни прифатија промена на името Македонија. додека нивните предци (КПМ-СКМ) ја создадоа и градеа ова држава, нивните деца ја распродадоа. Објаснувањето лежи во тоа што ова партија, промакедонските луѓе и групи со македонска национална свест со левичарски сваќања беа постојано шиканирани и бркани, тој процес продолжи и по осамостојувањето на Македонија, па се до денешен ден. 

Минато неделниот случај со Љупчо Палевски- Палчо ме потсети да размислувам за СДС и нивното однесување. Се решив да се израшетам низ нивната историја за да го прикажам нивното вакво .ладнокрвно однесување.
Моето мислење е кога се работи за СКМ-СДС, односно нашата бивша левица уште од самото нејзино основање, самата партија се подели на две крилја Промакедонско и Антимакедонско крило. Тоа може да се види низ историјата на ова партија. Уште од самите нејзини почетоци после 1944 година од кога започнува македонската државност во рамките на југословенската федерација, започнува и поделбата на две крила во самата КПМ ( подоцна СКМ, денес СДС), централно прашање за поделба на на две крила е начинот на решавањето на македонското национално прашање.
 

Едното крило на чело со Методија Андонов - Ченто  сметаше дека македонскиот народ треба да се обедини во една држава , обединување на Егејска и Пиринска Македонија во рамките на југословенската федерација и поголема независност на Македонија во однос на Федерација.
Второто крило во рамките на КПМ на цело со Лазар Колишевски, ова групација беше за статус кво, односно за прифаќање на југословенскиот начин за решавање на македонското прашање, онака како што беше решено со одлуките на АВНОЈ од 1943 година, односно накратко кажано Македонија да постои само во рамиките на југословенската федерација со внатрешен идентитет, за надвор да не постои. Силна поврзаност со федерацијата и потполна зависност од Белград.
Исходот е познат! Во втората половина на четриесетите години токму тогаш победи второто крило. Луѓето кои беа вистински комунисти, а кои има промакедонска орентација , наеднаш беа сменети од власта, беа затварани, убивани, оптужени за информбировци И.Т.Н. И не само Методија Андонов- Ченто, туку и Панко Брашнаров, Венко Марковски, Благоја Фотев и многу други чисто крвни Македонци со македонска орентација, дефинирани како македонции, тоа свое видно преставува првата пресметка со чисто македонските елементи во рамките на КПМ. И ако на почетокот победи она крило кое било за статус кво, работите не застануват тука , борбата во рамките на македонската левица продолжува.
Во шесетите години после осмиот конгрес (1964) и падот на Александар Ранковиќ на брионскиот плениум (1966) во Југословија започнува  процесот на доаѓање  на власта на либералните тендици на секаде во Југославија. Во Македонија тогаш на власт доаѓат Крсте Црвенковски, Славко Миљосалевски, Милан Нетков, Димитар Мирчев, Живко Чинго и други. Доказ дека ова Групација имала поголема национална македонска свест се следниве работи: Обновување на Македонската православна црква, Создавање на македонската академија на науки и уметности,  Реципоритет во преведувањето од српски на македонски јазик, за првпат им се даде право на Македонците муслимани да се изјаснат како Македонци со муслиманска вероисповед и друго. Со интервенција на Јосип Броз Тито на секаде во Југославија, па така и ова промакедонско крило обвинето за анархолиберали беше сменето и повторно е вратена старата гарда на чело со Лазар Колишевски.
Во времето кога Македонија се осамостојувашше од југословенската Федерација, токму ова групција се најде на власт. Станува јасно, зошто Македонија не беше без став и програма за своја независност! Ова корфомистичко крило без македонска основа не ни планирало независна Македонија. Тоа можевме да го видиме на последниот вонреден конгрес на СКЈ во Белград, каде нашата делегација и ако беше сведок на распадот на СКЈ, остана да гласа, односно да му даде кворум на Милошевиќ за учипување на Македонија во Големосрпскиот проект. Перо Гошев во работното заседание на конгресот гласаше против сопствената одлука донесена на заседанието на СКМ која гласеше „ Југославија  е возможна само како федерација од 6 републики и две покраини како и што се создала, ако една од овие републики излезе од федерацијата тоа е нова политичко- правна ситуација  и Македонија нема што да бара во таа нова федерација.“ Токму и гласањето во корист на Милошевиќ го потврдува спротивното дека СКМ воопште непланирала независна Македонија. Тоа го потврдува и почетното однесување на Преседателот Киро Глигоров. Во моментот кога прогласивме независна Македонија  ние и понатаму продолживме да преговараме за спас на Југославија преку платформата Глигоров- Изетбеговиќ.
Киро Глигоров  и покрај сите негови слабости и дадени изјави дека сме словени дојдени од задкарпатите. Во текот на кампањата за изборите во 1994 година, неговата завршна реченица беше „ Името останува“  со таа реченица тој си ја зацрта својата судбина. Глигоров во исто време се залагаше за еквидистанца спрема соседите и за неутралност на Македонија во меѓународните односи. Има една значајна работа од тоа време, имено, Стојан Андов, Џорц Сорос, и секако Грчкиот печат тврдеа дека Киро Глигоров и Бранко Црвенковски водат различна политика во однос на решавањето на спорот со Грција. Очигледно е дека тогаш се случила поделбата на две групи едната младите рози на чело со Бранко Црвенковски кои од нив по се што видовме и гледаме, прифатиле уште од тогаш промена на името на една страна и стариот лисец Глигоров на друга страна. Тука лежи и причината за атентатот на Глигоров. Стојан Андов не само денес , туку и тогаш тврдеше дека зад атентатото на Глигоров стојат владата на Црвенковски и министерот Фрчковски. Немаме сомнеж дека извршителот на атентатот на Глигоров е од тука од Македонија, а инспираторот е однадвор.  Единствен кои би имал корист од атентатот би имала Грција, со што на сцена би дошле младите рози кои денес гледаме дека со лесно прифатија промена на името без мува да ги лази. 
Како што можеме да видиме и до денешен ден, Младите рози мртви и ладни прифатија промена на името Македонија. додека нивните предци (КПМ-СКМ) ја создадоа и градеа ова држава, нивните деца ја распродадоа. Објаснувањето лежи во тоа што ова партија, промакедонските луѓе и групи со македонска национална свест со левичарски сваќања беа постојано шиканирани и бркани, тој процес продолжи и по осамостојувањето на Македонија, па се до денешен ден. Во групата на младите рози остана луѓето со кочкасти глави, секој што беше со поинаква глава беше исфрлен и набркан од партијата како што беше Игор Ивановски Шема кој едини  во 2013 година имаше храброст да им се спротистави на неговите млади рози и да ја брани македонската химна и знаме, додека младите рози ги напаѓа. Набрзо потоа го снема од политичката сцена, на сите ни е јасно зошто го снема. Накратко кажано младите рози ја изедоа македонската роза.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...