Skip to main content
И ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ИМАТ СВОЕ МЕСТО ВО ОПШТЕТСТВОТО 




Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први„, од насоката Новинарство, прва година,  уште во студенските денови сакаат да направат промена и да ја направат својата професија „седма сила“ и во Македонија, во вистинска смисла на зборот. Здружени, сите заедно беа во посета на кафулето Амбрела(Umbrella),каде работат лица со попреченост,  да им дадат подршка истовремено и да им покажат на јавноста дека има луѓе кои чекаат грам љубов и внимание. Кафулето кое се наоѓа во ГТЦ, има голема посетеност и тоа така треба и да остане.

Идните новинари беа топло пречекани од вработените, а со еден од келнерите, Светомир Герасимовски, имаа можност да разговараат и фотографираат за спомен. Разговорот не траеше долго, но еве дел од него:
-Како се чуствувате на работа?
-Моментално на работа се чуствувам одлично. Со колегите имам добра комуникација.
-Колку часа работите дневно?
-Дневно работиме по шест ипол часа, прва смена од 8-15 часот, а втора од 15-21 часот.
-Дали се заморувате на работа?
-Не, бидејќи работиме по 5-10 келнери во една смена. Кога имаме прослави, забави и слично работиме и по повеќе.Сите сме координарани и не се заморувам.
-Дали ви причинува задоволство укажаната прилика за да работите и да сте дел до ова опшество?
-Да, секако дека ми причинува задоволство.
-Дали мислите дека може да работите на други работни места.
-Да, мислам дека можам да работам на друго работно место. На моето прво работно место, во маркет, исто така бев добро прифатен од колегите.
-Каков ви е односот со вашиот претпоставен?
-Уште првиот ден се запознав со газдите и се е коректно.
-Како сте задоволни од односот на гостите спрема вас?
-Презадоволен сум, бидејќи и гостите не прифатија.
-Дали треба да се отворат и други работни места каде што ќе работат луѓе со посебни потреби?
-Секако дека да, треба да се отворат повеќе такви работни места.
Студентите со јак мотив да ја подигнат свеста на опшеството за луѓето со посебни потреби и да ја добијат позицијата во опшетвото која си ја заслужуваат. Секако тие нема да застанат  тука. Очекувањата се големи, се надеваат на подршка и најважно резултат од сработеното.

Група студенти по новинарство од прва година на Правнииот факултет Јустијан прима.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...