Skip to main content
Самрак на Европската идеја


После Британскиот брегзит во ЕУ се има чуство дека се случува внатрешна поделба помеѓу земјите членки. Имено новите членки на ЕУ како што се : Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, па дури и Италија, барат реформи на самата унија со што на државите на унијата  ќе им се овозможи зачувување на националниот идентитет и суверенитет на земјите членки на унијата, во тоа е најгласна Полска подржана од вишеградската групација која влегува во директен судир со останатите земји на унијата во прв ред со Германија  и останатите земји на стара Европа.

Луѓето кои живееат на планетава земја  се поделени помеѓу себе од најразлични работи, јазикот, културата, обичаите, религијата, историските околности, економските околности, бојата на кожат и сл. сите тие работи, а и останати работи довеле до формирање на различни народи и нации, тоа пак условило поделба помеѓу народите и наците со значителни разлики помеѓу нив. 
За да се надминат сите овие разлики помеѓу луѓето, секогаш во историјата постоела идеја за обединување на сите нации во една нација, односно надминување на сите разлики и креирање на наднационален идентитет, тој идентитет во современата Европска епоха, се нарекува граѓански концепт.                                             
                                                                                                                                                                                                    
                                 

                                                                                                                                                               
Во текот на историјата концептот за изградување на една супернација бил присутен од дамнешни времиња. Така во најстарата книга Библијата  во стариот завет после потопот потомците на Ное се собрале во Сенарската долина  и решиле да го градат градот Вавилон заедно со Вавилонската кула, целта била земјаните да си спечалат име, односно да се обединат во една нација. Сепак тој проект со интервенцијата на Бога се покажал како неуспешен.
После Вавилон секоја империја која владела со светот ја имала истата идеја, обединување на сите нации во една нација. Тоа идело преку Вавилон и Медо -Персија, Римската империја, Светот Римско царство, Австро-Унгарија, Британската империја, Отоманската империја, Руската империја, Наполеоновата империја, Хитлеровата империја, па се до денешен ден тоа за цел го имат Американската и Европската либерална империја.
Европската либерална империја се протега на Европскиот континент. Европа е дом на многу нации, вери и култури. За првпат речиси цела Европа била обединета за време на Римската империја, подоцна таа империја се поделила на Западен и Источен дел. Ова поделба ќе остави стравотни разлики помеѓу Источна и Западна Европа и последиците од таа поделба до денешен ден се чуствуват.
Денес после две илјади години од Римската империја повторно се оживеа старата идеја за обединување на Европа, но се чини дека токму на таа идеја и доаѓа крајот. Во педесетите години на минатио век  се создаде идејата за создавање на Европска економска заедница во 1957 година, од страна на шест Европски држави. Во 1992 година прерасна во Европска Унија која ја сочинуват дваесет и осум држави.
Се чини дека последните настани и случувања ја ставија ЕУ пред свршен чин и дефинитивен самрак на она што се викаше Европска идеја.
А што беше тоа Европска идеја? Европската идеја беше едноставно замислена  да ЕУ се изгради како заедница на региони, а не држави. Со тоа како заедница на региони би се исправиле претходните лоши одлукии  донесени од претходните воени политики, бидејќи сите Европски држави не се на етнички чиста територија, денес секоја држава во Европа околу себе има своја дијаспора. Како пример за изградба на регион ние Албанскиот регион каде Албанците од Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Македонија и Грција, го формират Албанскиот регион, тоа не е официјално и правно Голема Албанија, но како таков е поднослив во рамките на ЕУ, бидејќи народот си комуницира слободно, слично е и со Српскиот Регион. Значи првична замисла беше да се формират ваквите региони за да народите полесно комуницират помеѓу себе, со тек на времето би следело овие региони да прераснат во нови национални држави, на тој начин би се исправиле грешкитен од претходните воени политики. За жал ова идеја на Европската политика е веќе одамна напуштена.
Ова идеја е напуштена од кога ЕУ воведе двојни стандарди. Едни се стандардите кои треба да ги исполни Србија, Други се стандардите за Македонија, Трети се за Албанија, Четврти се за Црна Гора, пети се за БиХ. И.Т.Н. Впечатлив беше примерот со Украина, Русија го попречи влезот на Украина во ЕУ, Брисел постигна консензус Украина мора со сила да влезе во ЕУ. Со Македонија е сосема обратно Грција го блокира нашиот прием, Брисел со консензус вели дека мораме да ги исполниме барањата на Грција, односно да го промениме името и да се откажеме од нашиот идентитет. Еве ви приказ за двоен стандард и двоен арш.
Референдумот и излезот на Британија од унијата целосно ја разниша од корен унијата. Се виде дека се судрија два модели  за изградбата на унијата, Федералниот и конфедералниот модел. Конфедералниот модел беше проследен од страна на Британија. Германската идеја за изградба на Соединети Европски држави( СЕД) по примерот на САД е оневозможен од голем број на причини како што се различните националности и верската поделеност, различното политичко уредување и економскиот развој на државите, различното историско минато и културата на народите, сите овие работи потврдуват дека Германскиот модел за изградба на СЕД е мртвороденче. 
После Британскиот брегзит во ЕУ се има чуство дека се случува внатрешна поделба помеѓу земјите членки. Имено новите членки на ЕУ како што се : Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, па дури и Италија, барат реформи на самата унија со што на државите на унијата  ќе им се овозможи зачувување на националниот идентитет и суверенитет на земјите членки на унијата, во тоа е најгласна Полска подржана од вишеградската групација која влегува во директен судир со останатите земји на унијата во прв ред со Германија  и останатите земји на стара Европа.
Во 1990 година, Тото Кутуњо ја отпеа победничката песна на изборот на песна за Евровизија, насловена како Insieme 1992,  за обединувањето на Европа пееше тој. Од тогаш па се до денешен ден Европа остана необединета, изгледа дека судбината на Европа била одредена кај кулата Вавилонска и идејата за обединување на сите народи во една нација  станала утопија.  Веруваме ли ние во таа утопија? прашувам бидејќи нашите политичари како слепци за стап уште одамна нија преодредија судбината  дека треба да веруваме во таа утопија, како единствена божја вистина, не бре се работи за црковна догма.





Мишко Ливрински-кубрајт, Скопје.      


објавена во дневник 2016 година)

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...