Skip to main content
Од лево и десно кон центар



Она што нас не изненадува е што и десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе се прешалтува во центар, односно ќе стане граѓанска партија. Тоа ни го навести Груевски за време на изборната кампања на локалните избори, навестувајќи ни нова ера на неговата партија.

Во изминативе години бевме сведоци на тотален пад и крах на левите партии, секаде во светот па така и кај нас. Во моментов рикна сите леви партии:  Во Грција, Во Хрватска. фрнцуската левица се чека да рикне, Шведската левица рикна како и сите останати

На што се должи тоа? на измислување на нов политички центар, така наречени партии на центарот. Низ историјата  биле организирани и поделени на лево и десно. Леви и десни политички партии постоеле уште за време на Рим, така во Рим постоеле Патриции и Плебејци, Плебејците биле левичари, а Патриците десничари, потоа за време на Француската револуција се поедлиле на Жиродинци и Јакубинци, каде Јакубинците ја имат улогата на левичарска партија.  Ваквата поделба на политичките партии како што гледаме е задржанан до денешен ден.

                        


 

Левицата после падот на реалсоцијализамот и Варшавскиот пакт, првата грешка која ја направија беше откажување од филозофската и теоретската подлога на Карло Маркс на чија филозофија теоретски подлегнуваше левицата. Тоа е нивната прва грешка, затоа и од левицата сите се откажа , вклучувајќи ја и работничката класа која традиционално беше врзана за неа.

Појавата на филозофијата на Жак Дерида за создавање на левица од неолибералистичка проивиненција, што значеше спојување на левицата и крупниот капитал, што се разбира дека самото по себе е неубоза, бидејќи левицата не се врзува за крупниот капитал, таа традицинално се борела против капитализамот и капиталистот, а во полза на работништвото и угнетената класа, која во таква ситуација се нашла поради експлатацијата на капиталистот. 

Врз основа на филозофијата на Жак Дерида, Британскиот левичар Тони Блер во текот на 90-тите години го промовираше така наречениот трети пат или партии на центарот.

Центар како место на политички партии никогаш не постоело, историски секогаш постоело лево и десно. Во моментот кога се прогласи центар, односно политички партии на центарот, што се случи? партиите од левицата сите пројдоа во центарот и себе си се прогласија за граѓански партии или либерали, на тој начин остана празни без идеологија и суштина на своето постоење.

Што е суштината на создавањето на партии на центарот? суштината на создавањето на овие партии така наречени граѓански или либерални партии е што тие се без идеолошка подлога како што се традиционалната левица или десница. Нивната суштина е во создавање на политички партии кои тесно ќе ги застапуват бизнис интересите на големите светски компани, корпораците, на банкарскиот систем, значи слуги кои ќе ги застапуват бизнис интересите на профитерите. Во тоа е суштината на постоењето на партите на центарот.

Први кои што се прешалта од лево кон центар беше Американската левица, односно Демократите на Клинтон и Олбрајт и Британската левца. Ние тоа можевме да го видиме во изминативе години со договорите ТТИП, ТИСА, и ТЕЦ со кои требаше да се изврши приватизација и плачка на јавните добра на човештвото како што се: води, реки, планини, дожд, атмосфера, полиција, улици, паркинзи, плоштади.  И сето ова го предлага токму Демократите на Обама, односно Американската левица. Истата филозофија ја следат и левичарите од целиот свет.

И кај нас е истиот тренд, Го гледаме СДС кој нема никаква левичарска идеолошка подлога. Нели се залагат за граѓански концепт на држава? Па тоа е партија на центарот. Не сум ни вамте, ни тамте, не сум ни лево ни десно, не сум ни риба ни девојка. Ништо не се занае без идејна и идеолшка партија е центарот.

Она што нас не изненадува е што и десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе се прешалтува во центар, односно ќе стане граѓанска партија. Тоа ни го навести Груевски за време на изборната кампања на локалните избори, навестувајќи ни нова ера на неговата партија. А тоа е тоа преминување од десно кон лево. Кон тоа ако го дадеме умерениот национализам и лошото однесување на ова партија во моментов кога Македонскиот народ се бори за голи опстанок на нацијата и државата може да се пресуди дека најверојатно дека ова партија веќе одлучила да се прешалта од десно кон центарот. Значи нашите партии од лево и десно одат кон центар.

Она што никој не го забележува почнува да станува тренд  во Европа и Светот е појавата на народните партии. Партии кои внатре во самата држава со своите програми,планови и проекти личат и делуват како да се левица, а надвор од државата во светото со своето однесување личат на национални и националистички партии. Такви партии се појавуват во Чешка, Словачка, Полска, Франција. Германија, Италија, тоа е партијата на Виктор Орбан во Унгарија. Кај нас тек допрва ќе почнат да се конституират  или се веќе во фаза на нивно конституирање и појавување.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје. 
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...