Skip to main content
ПРИКАЗНАТА ЗА ЛАВОТ, ТИГАРОТ, МЕЧКАТА И ВОЛКОТ



Кај луѓето можат да се забележат токму овие начини на однесување. Една група на луѓе се како лавот, тигарот и мечката. Стално чекат друг да им каже што треба да мислат и како треба да прават. Слушат туѓи центри, спроведуват туѓи агенди и интереси. 

Еден ден еден циркуски аниматор трганал во потрага по животни за својот циркус. Па така, во дивината го нашол лавот. Аниматорот му плеснал две три шамарчина, го однесол во својот циркус, му удри со сајлата по газето и тогаш лавот почнал да го игра орото онака како што човекот му наредува. Ту го гледаш лавот царот на животните  како трча низ огнените кругови, водушевувајќи ја публиката која силно му ракоплеска. Ами царов на животните заборава дека тогаш круната му паѓа од главата, заборава дека на царот не му ракоплескат, туку му се поклонуват, му се ракоплеска само на дворски шут. Царов на животните големата мачка како и неговиот роднина тигарот, од цар постанува во дворски шут.

По тоа, аниматорот од кога ги суредил лавот и тигарот отишол повторно во дивнината во потрага по нови животни. И кога покрај една река ја сретнал мечката. Големата и силната мечка ја земал и ја однел во циркускиот шатор ја поставил за да луѓето и се водушевуват. И кога тапаните почнале да чукат и мечката почнала да игра, почнала да го прави она што луѓето и го наредувале, исто како лавот и тигарот. Мечката е најголем пример за дворски шут. Ту бре големата и страшна мечка, ќе ја врзат на сред село, ќе почнат да и тропат со тапаните и мечката оро ќе игра. Нели и до денес ден кај народот е позната изреката на сред село мечка оро игра. Типичен пример за дворски шут. Џабе и, е големината и силата.
На крај аниматорот во дивината го сретнал волкот длабоко во шумата на една планина. Ја зел пушката посакајќи да го улови и мислејќи дека ќе направи од него чиркуски шут. Но на тоа волкот силно се спротиставил, дури и паднала и неговата крв. Волкот одбил да послужи како дворски шут дури и по цена на својот живот. Лавот, тигарот и мечката се можеби помоќни од волкот, но за разлика од нив волкот  не игра во циркусот или на сред село, не им служи на луѓето како дворски шут за забава за да си го терат ќеифот. Туку напротив него е тешко да го уловиш, да го скротиш, а најмалку да го натераш да прави нешто што не сака. Значи здрав разум сочувал. Своите одлуки ги донесува онака како што тој сака, а не по препорака и барање на луѓето. Човечката сатанизација на волкот, пред се, се должи на приказните, бајките, басните кои авторите на волкот му дават негативна конотација како опасна и лошка ѕверка  која најчесто ги лови послабите  животни за храна. А што очкуват луѓето? зарем луѓето не ги ловат животните за да се прехранат или само тоа право и привилегија им припаѓа на нив.
Веќе кога зборуваме за волкот да направиме кратка споредба помеѓу него и човекот. За разлика од човекот, волкот остантите животни ги лови за исхрана. За разлика од него човекот ги лови покраја храна, за забава, разонода, спорт и рекреација, за правење на ташни, алати, чизми и сл. Притоа не водејќи сметка дека на тој начин го уништува синџирот на исхрана во природата, ја уништува природната рамнотежа со што го доведува во опасност опстанокот на планетата земја. Волкот за разлика од луѓето не си го јаде својот вид, не е познато волците да се јадат из меѓу себе, како што е тоа со луѓето. Длабоката историја и војните помеѓу луѓето токму спротивното го тврди. Не е познато дека волците донеле одлуки како луѓето да речеме дека од утре  ќе ги ништиме сите мачки и кучиња, па така воцчите почнале да организират логори во кои  ќе ги упикат сите кучиња и мачиња и во кои ќе им го пуштат гасот одозгора и печките одоздола или пак живи да ги стават на клада за горење. За разлика од волците човечката историја е полна со вакви примери во која луѓето си се ништеле измеѓу себе. Или не заборавајте и ова што денес нас ни се случува како Македонци кои сакат како такви да не избришат.
Кај луѓето можат да се забележат токму овие начини на однесување. Една група на луѓе се како лавот, тигарот и мечката. Стално чекат друг да им каже што треба да мислат и како треба да прават. Слушат туѓи центри, спроведуват туѓи агенди и интереси. Мислат како и лавот дека кога ќе им ракоплескат или им се насмеат од обични луѓе постанале божество, а всушност им се смеат затоа што се обични дворски шутови кои им служат токму на интересите на тие што буквално им ракоплескат и им се смеат.
Втората група на луѓе се токму волците. Ова група исто како и волците не сакат и не подлегнуват под камшикот. Спротивно од првата група на луѓе не чекат директив или наредби од страна на некој центар на моќ. Имат сопствен став и сопствено размислување. Сочувале здрав разум. Можеби ова група не е толку експлатирана во јавноста како лавот и тигарот. Можеби не се толку убави, со убаво крзно како тигарот или како лавот немат круна и крзно околу вратот и главата. Тие не се пожелни, исто како што и волкот е непожелно животно, поради што и нивниот пат е тежок за разлика од патот на останатите, бидејќи во историјата на човештвото најтежок е токму оној пат кој води до слободата и борбата до сопствено мислење и став.
Се надевам дека во новата година дека токму ќе го избереме вториот пат. Се надевам дека токму ова година ќе научиме од волците како да бидеме свои луѓе со свои ставови, мислења, со изграден светоглед и се надевам дека сатанизацијата спрема волкот ќе заврши. Волкот можеби не е моќен како лавот и тигарот, ама волкот никогаш не настапува во циркусот. Тоа е најголемата негова карактеристика што не дозволува да има улога на дворски шут. Затоа и ние луѓето да бидеме како него за да не биднеме циркуски играчи или дворски шутови.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...