Skip to main content
Посебноста на Империјата во изумирање


На ова годишно генерално собрание на ООН, Американскиот преседател Барак Обма во својот говор кажа неколку работи за продолжување на војната во Сирија, ја окриви русија како империјална земја,односно земја која сака да владее со светот, а Америка како да не сака да владее со светот, Обама рече дека е спремен да употреби сили доколку е потребно за мирно да се решават светските проблеми, борба против терористичките организации и исламската држава, ја обвини русија дека го прекршува интергритетот  и суверенитетот на украина, Америка е единствената земја која се бори во светот за слобода и демократија.                                                                                              

Нема ништо во животот на планетава земја што се случува случајно, за се што денес се случува , постои објаснување, постои и причина, така и за умирањето и падот која го доживува империјата која полека умира има своја дебела причина.                                    
Тоа се должи на изградбата на Америка како посебна држава, односно држава која е над другите држави во светот. Пред две години на Генералното собрание на ООН, Американскиот преседател Барка Обама, Американската држава ја нарече како посебна држава и на ово годишното собрание на ООН кое се одржа на дваесет и втор овој месец  обама ја повтори истата реченица  Американската држава е посебна држава.                                     
Со тоа прогласување на посебноста на Американската држава, како преодредена над останатите, над моќна, таа си ја зацрта својата судбина, всушност секој кој себе си се прогласил за нешто над останатите  како единствен кој му припаѓа правото да владе над другите, во овој случај Америка да биде вечен господар, а другите да бидат поодредени над неа и да и служат  на неа и на нејзините интереси, така си го зацрта својот тежок пад  и крах исто како и нејзините претходници.    

                                                                                          
На ова годишно генерално собрание на ООН, Американскиот преседател Барак Обма во својот говор кажа неколку работи за продолжување на војната во Сирија, ја окриви русија како империјална земја,односно земја која сака да владее со светот, а Америка како да не сака да владее со светот, Обама рече дека е спремен да употреби сили доколку е потребно за мирно да се решават светските проблеми, борба против терористичките организации и исламската држава, ја обвини русија дека го прекршува интергритетот  и суверенитетот на украина, Америка е единствената земја која се бори во светот за слобода и демократија.                                                                                                               
Последново е мошне заначајна работа која заслужува да и се обрине внимание и која е поврзана со посебноста на Американската држава. Американскиот преседател дрско кажа дека Америка е единствена држава која се бори за демократија и слобода.                          
Ова не тера да се позанимаваме со прашањето за тоа како Американската политика  ја сфаќа демократијата која можеме да ја видиме како нивни производ воспоставена по цел свет.  на кратко демократијата тие ја сфаќат како средство преку кој на лесен и фин подмачкан начин ќе постои свои марионетски ( за време на втората светска војна ги нарекува квинслишки) власти, онаму каде што е поставена нивна власт ја прогласуват за демократска, а пак во оние држави каде  не избрана нивна власт таа власт или лидер се прогласува за диктаторска, нелегитимна и одма се соборува, се прави пуч се со цел за да се испостави марионетска власт која е под контрола на центарот на моќта вашингтон и запад. тоа е кратко речено Американската формула за демократија.                                                      
Сега е јасно зошто паѓа диктаторската власта, зошто одредени политичари беа и се прогласувани за диктатори, бидејќи не и одговара на политиката на империјата. тоа истото го правеше старата змија Рим пред две илјади години. со поставување на свои сатрапи или послушници, инквизатори владееше со земјите кои ги имаше освоено, за пример ние понтие пилат од новиот завет. истата логика и идеологија, како и начиното на владење го има истиот концепт што го имаше Рим.                                                                                                   
Како доказ за демократијата и слободата на САД во текот на нејзината историја за увоз на демократијата, односно за да постави свои марионетски квинслишки власти има направено околу триесетина војни од 1948 година, па наваму и тоа следниве:  Кореја од 1950-1953, Гватемала 1954, Индонезија 1958, Куба 1959-1961,  Гватемала 1960,Конго 1964, Лаос 1964-1973, Перу 1965, Виетнам 1961-1973, Камбоџа 1969-1970, Гватемала 1967-1969, Ел Салвадор 1980, Никарагва 1980, Гренада 1982, Либан 1983-1984, Либија 1986, Иран 1987, Панама 1989, Ирак 1991, Сомалија 1993, Судан 1998, Авганистан 1998, СР Југославија 1999, Авганистан повторно 2001,  Ирак по втор пат ослободен 2003, Либија и Египет 2011 година и Сирија денес се ослободува. Ова е добар показател за тоа за каква држава станува збор                                  
И навистина Американската држава е посебна  толку војни немала ниту една претходна империја. на скалата на злосторници ова империја би требало да биде на врвот  со голем број на жртви, фрлени бомби  и направени зулуми, до денесе ден едиствена империја која се уште не платила за ниедно злостворство тоа ја прави да биде посебна империја како што ја прогласи Барк Обама.

Мишко Ливрински, Скопје.


објавена во дневник октомври  2016 година)

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...