Skip to main content
УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ИКОНИ 
Уставобранителите во петокот стана новите македонски икони, кои нема да преставуват свети икони само на ова генерација која денес живее, ами на наредната генерација кој доаѓа.  Во петокот уставобранителите се најдоа во листата на историските и светите херои како што биле: Јан Хус, Мартин Лутер,  Галилео Галилеј, Никола Коперник, Симеон Де Боливар, Ѓузепе Гарибалди, Ернесто Че Гевара.


Минатата недела во петокот се случи  пресдудата на новите македонски икони, на нашите уставобранители. Исто како во 1948 година, кога Македонции како Методија Андонов - ченто, Панко Брашнаров и останатите беа  суден наводно по резолуцијата на Информбирот, а всушност беа бранители на Македонскиот народ и Македонската држава, тие тогаш се залага за обединување на македонскиот народ и македонската држава и за нејзина поголема самостојност во однос на југословенската федерација. И сега како историјата повторно да се повторува. Уставобранителите кои се судени за под лажна клевета за тероризам,исто како 1948, судени како информбировците, а всушност се уставобранители, луѓе кои го штитеа суверенитето и интергритетот, уставниот поредок на македонската држава и македонскиот народ.
Поради тоа, уставобранителите во петокот стана новите македонски икони, кои нема да преставуват свети икони само на ова генерација која денес живее, ами на наредната генерација кој доаѓа.  Во петокот уставобранителите се најдоа во листата на историските и светите херои како што биле: Јан Хус, Мартин Лутер,  Галилео Галилеј, Никола Коперник, Симеон Де Боливар, Ѓузепе Гарибалди, Ернесто Че Гевара.
Карактеристично за овие светски икони е тоа што тие имале изграден свој внатрешен интегритет, оформен свои идентитет, свое мислење, свое гледање на работите, изграден свој светоглед зад кои стоеле цврсто, цврсто се држеле за своите ставови, вредности и принципи, цврсто ги бранеле, некои дури и животот го дале  неостапувајќи од тие нивни ставови, врдности и принципи. Тоа биле луѓе кои не биле послушни  спрема некоја висока истанца или центар на моќ. Туку своите мислења, ставови, вредносни судови,принципи ги граделе самостојно со својот разум. Исто како и волкот вешто се бореле за нивниот светоглед и вредносен систем. Поради сето тоа, луѓето како Че Гевара и Боливар се до денешен ден се икони на генераците после нив.
Уставобранителите се докажа како вистински луѓе кои ги покажа горе споменатите особини, доказ за тоа вие отфрлање на колективната амнестија која ја нудеше фашистичката власт. Тоа е добро што го сторија од нивна страна, бидејќи токму сега ќе имат чист образ спрема светот. Амнестијата која требаше да биде тројански коњ за помилување на вистинскиот виновник уставобранителите храбро ја отфрлија што ги става на листата на горе споменатите светски личности. Но исто така заборува за нивниот вистински карактер, како луѓе изградени со свој идентитет, интергритет, свој вредности и принципи. 
Јан Хус во средниот век беше осуден да биде жив запален на клада , бидејќи не сакаше да ги прифати догматските учења на тогашната католичка црква. Хус не го прифати она што мислеше дека е спротивно од неговото здраворазумско и слободно мислење. И нашите уставобранители  на 27.04. Тргна во борба за она што го смета за здравразумски дека треба да се направи, а тоа е одбрана на уставниот поредок и на македонската држава. Се разбира дека од тој момент можеше да се очекува  да бидат осудени како зли вештери (во нашиот случај како терористи). Јасно ли му е на некого зошто се осудени овие луѓе? Бидејќи тие се пример кај македонскиот народ  во борбата за зачувување на  македонската држава и нејзиниот уставен поредок, подобро нив да ги сотрат пред да го заразт целиот македонски народ и да го поведат во борба против ова квислиншко-фашистичка власт. Сега јасно ли е зошто уставобранителите се осудени?  исто како што Јан Хус беше опасност за тогашната католичка црква, па требаше да се искорени за да не го зарази народот, така и уставобранителите треба да се  осудат пред да го заразат македонскиот народ. Уставобранителите не се опсаност само за фашистичката власт, ами и за опозицијата, поради тоа ни таа ништо значајно не стори за да помогне во нивното ослободување, ништо не стори ни преседателот, се разбира, бидејќи во нив гледат опасност од зараза, затоа молчта, пошто на сите им одговора.  Нивното судење треба да послужи и како поука за останатите да не се противат, ами ако се  противат еве што ќе ги снајде, исто како и убиството на Јан Хус кое требало кај народот да прикаже што ќе ги чека оние кои се спротиставуваат на тогашната католичка црква.
И што се случи? Јан Хус и ако жив запален и уништен на клада, со години, векови и генерации после него, неговиот спомен и дело живееат. Илјадници и илјадници луѓе ( протестанти) со векви и векови, се бореа против тогашната католичка црква, инспрацијата за нивната борба беше токму мравката Јан Хус. На свирепата средновековна католичка црква не и успеа планот, и ако Хус беше претворен во пламен неговот дело високо светеше низ вековите како силен светилник се до денешен ден.
Така е, и со нашите уставобранители, можат да ги тепат, мачат, уништуват, но нивното дело ќе свети како вечен светилник пред многуте Македонции, во годините и вековите нивното дело ќе инспирира уште илјадници Македонции кои ќе бидат спремни за борба за нивната слобода и за Македонија, Исто како што Хус инспирираше илјадници луѓе низ цел свет да се борат за слобода од средновековната католичка црква. 
Не тие нема да умрат нивната слава како светилник допрва доаѓа.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје,Македонија.
објавено  March 18, 2019

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...