Skip to main content
Има ли капетан на кoрмилото


Затоа да си прашам има ли капетан на кoрмилото на ВМРО-ДПМНЕ? ако има, има ли тој муда за да биде маж, бидејќи актуелниов лидер на ВМРО, не докажа до сега муда за да биде маж. Што е ова бре човеци? веќе триесетина години како што чекам да се појави некој маж со муда кој ќе поведе народ, ами тој маж никако да се појави.
Пројдоа неколку дена од  фамозното интервју на преседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дадено за тв сител. Се исчитавме и на негативни и позитивни критики. Моите импреси  од Лидеров на нашата најголема национална партија која денес самата по сопствена вина се наоѓа во опозиција, за мене во општо не е позитивен.


МИЦКОСКИ: Луѓето кои ќе го поддржат референдумот за Северна се во рамки на статистичка грешка


Затоа да си прашам има ли капетан на кoрмилото на ВМРО-ДПМНЕ? ако има, има ли тој муда за да биде маж, бидејќи актуелниов лидер на ВМРО, не докажа до сега муда за да биде маж. Што е ова бре човеци? веќе триесетина години како што чекам да се појави некој маж со муда кој ќе поведе народ, ами тој маж никако да се појави.
Имено, Мицковски во интервјуто за Тв сител ни кажа дека  мала група на луѓе кои ќе гласат за се во рамките на статистичка грешка, потоа има едно гласно малцинство, што се луѓе кои имат поизразен  патриотски набој, но кои во моментот контаминират, потоа трета група на луѓе  кои се тивко мнозинство  кои поради разновидниот бизнис или работат во јавна адмнинистрација, според негово мислење  се до 30-ти септември ќе биде тивко.
Имено, првата група кој тој ја нарекува контаминирана со различни групи и групации кои демек сакале да соберат политички поени, пуни со фекали кои ја заматиле чистата и бистрата вода. Можам да се согласам со Мицковски за Бачев или Петровски, за останатите прозвани ( Грчева, Палевски, Олумчев, Бибикова и др) воопште не се согласувам  дека сакат нешто да искористат. Втора работа ако е точно тврдењето на Мицковски, тогаш се поставува зошто бистрата вода се загадила со најразлични фекали? зошто чистата и бистрата вода станала матна? зошто ВМРО го дозволи тоа, зошто ВМРО не излезе заедно со народот, па можеби чистата и бистра вода немаше да биде загадена со најразлични фекали.
Друга работа што Мицковски не ни ја кажува, а што е со загадената Вмровска вода, со што е загадена бистрата и чиста Вмровска вода? нели они се без влакна во носот. Зошто ВМРО се уште молчи? Уште нечувме дали ќе го бојкотират референдумот, се чека 10-ти септември да дојде, времето на зимниците.
Ех, Мицковски па не ти треба 10-ти септември,ВМРО веќе година ипол дена како требаше да бојкотира и да го напушти собранието, а за тоа имаше доста причини: кражбата на изборите, нелегитимна изборна власт,Тиранската платформа, законот за јазиците, Бугарскиот договор, Договорот со Грција и други работи. Со останувањето на пратениците на ВМРО во собранието и нивното однесување ја признават владата на Заев како легитимна.
Прашањето зошто ВМРО не бојкотира и не го напушти Собранието до сега, за кои имаше како што напоменавме погоре големи причини. Дали е тоа поради загаденоста на бистрата Вмровска вода која е пуна со најразлични фекали? јас лично како член на ВМРО не знам! но работава ми личи како ВМРО да е ученета од некого да не бојкотира или да го подржи референдумот.
Вели дека тоа им било тактика  за да не се налутиле нашите европски партнери, па Мицковски ако не знаеш или ако не си чул или видел, благодарение на нашите европски партнери стигнавме до ова ситуација  во која денес ние се наоѓаме. Прво, тие не се наши партнери, партнерите не можат да се барат да се преименуваме, да исчезнеме како нација , што значи дека тие не се воопште добро намерни спрема нас.
За крај гледаме дека како во ВМРО да почнува да настанува некој расцеп и несогласување, гледаме дека општинските комитети на ВМРО во Охрид и Струга ќе бојкотираат. Антонио Милошевски исто така со документ во Собрание поднесе дека ќе бојкотира, значи не само расцеп дека има, туку и дека Вмровската бистра и чиста вода сепак е загадена со најразлични фекалии.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...