ЅВЕРОТ СО БРОЈОТ 666





Можеби најголемата загатка и најпривлечната работа како во новиот завет така и во целата библија  е ѕверот со бројот 666. Во откровението на Апостол Јован ( последната книга на библијата) во 13 глава,  во 18 стих го пишува следново „ Тука е мудроста кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, затоа што е број на човек, а неговиот број е шестотини шесет и шест.“ Мартин Лутер без никакво двоумење сметал дека тој ѕвер е Ватикан.
Титулата на Папата на неговоата митра ( круната која ја носи за време на својота миса) Го пишува следново Vikarius filii dei тоа е вистинскиот назив на неговата титула.

V I C      A R I  U   S      F  I  L   I I     D      E  I 
5 1 100   0  0  1  5   0     0  1  50 1 1    500   0   1    =  666


Дека е точно тврдењето на Мартин Лутер, дека Ватикан е Антихристот и ѕверот со бројот 666, после него голем број на истражувачи ја потврдуват ова тез, меѓу кои големиот научник Сер Исак Њутон, Елена Голд Вајат основач на Христјанската Адвентистичка Црква која во нејзината книга Големата борба помеѓу Христос и Сатаната мошне одлично ја потврдува улогата на Ватикна како Антихристот во текот на целата историја на Христијанството, потоа професорите како што се Урија Смит, Марвин Масквел, Жак Дукан и други.
Ние низ овој текст преку проучувања на библиските пророштва ќе се обидеме да докажеме дека тоа е точно.
1. Книгата на пророк Данило ( Стари завет)
Во стариот  завет во книгата на пророк Данило, Вавилонскиот Цар Навуходоносор го сонува оној познат голем кип ( Данило глава 2). Главата од Кипот била од чисто злато таа го преставувала Вавилон, градите и рацете на кипот биле од сребро тоа го преставува Медо-персија,стомакот и бедрата од бронза ја преставуват Македонија, нозете од железо го преставуват Римското царство, двете нозе на совршен начин ја преставуват поделбата на источно и западно Римско царство, а стапалата на кипот кои се изградени делумно од глина делумно од желез според истражувачите и теолозите тоа е денешнот време, времето во кое ние денес живееме.
Подоцна пророкот Данило гледа ново видение, видение за четрите ѕверови кои излегуваат од морето ( глава 7). Првото како лав со орловски крилја тоа одговара на Вавилон, второто како мечка со три ребра во устата тоа одговара на Медо-персија, третото чудовиште како леопард со 4 птичји крилја и 4 глави ја прествува Македонија, 4 глави тоа се 4 генерали кои го поделуват Македонското царство после смрта на Александар македонски, потоа следи страшно и ужасно, силно чудовиште  со големи железни заби кое богохулеше и газеше се пред себе. Ова чудовиште газеше се разликуваше од другите чудовишта што на својата глава има 10 рогови. Наблудувајќи ги 10 рогови Даниел забележува еден мал рог како расте пред тие рогови и корне три рога од пред него. Овој ѕвер одговара на Римското царство.
                                           ѕверовите од видението на пророк Данило 

2. Десете рога и малиот рог
Најголемата работа која го привлекла вниманието на Данило бил малиот рог и десете рогови на страшниот ѕвер кои рековме дека кореспондира со Римското царство. Според ова произлегува дека големите рогови и малиот рог треба да се барат во Римската империја. 
Според голем број на теолози и библиски истражувачи десете рогови ги преставуват десете племиња кои го нападнале западното римско царство и му го ставиле неговиот крај. Тоа се следниве племиња: 1. Вандали;2. Визготи;3. Севи; 4. Франки; 5. Англо-саксонци;6. Алемани, 7. Буругонди; 8. Остроготи; 9. Ломбарди; 10. Херули. Од историјата овие племиња се познати како големата преселба на народите која се случува на почетокото од ерата.

                од овие племиња водат потекло современите западно европски народи

Појавата на малиот рог пред десете рогови уништува три рога од десете рогови, односно племиња тоа се следниве: Визготи, Вандали и Остроготи. Уништувањето на овие племиња го врши Рим со помош на Ватикан и тогашниот владител на Ватикан, додека останатите племиња успешно ги поставуват по негова контрола.
Според пишувањата на пророк Данило малечкиот рог следново ќе има на ум да го прави: 1. ќе го хули Бога, 2. ќе размислува да ги менува времињата и законите, 3. ќе го гази божјето свето место, 4. ќе му ја одземе неговата секојдневна жртва, 5. ќе ги мачи светите во текот на едно време, две времиња и половина време. Според ова опишувања на пророкот во осмата глава на малиот рог ни станува јасно дека се работи за институцијата Ватикан и нејзиниот поглавар. Ако се фрли полед на историјата токму ќе се види дека сите погоре споменати и наброени работи, Ватикан и папата одлично ги имат извршено овие задачи.Според 14 стих од 8 глава од книгата на Данило малиот рог кого го идентификувавме како Ватикан ќе го прогонува божјиот народ 2300 вчера и утра. Според толкувањата на стариот завет еден ден значи една година, тогаш 2300 денови и вечери преставуват 2300-те години започнуват да течат од времето на пропаста на западното Римско царство, а завршуват приближно околу почетокот на Француската револуција, по прецизно речено по Француската револуција. Оној што знае историја знае дека токму тој период во историјата е насловен како период на мрачен период каде се било подредено под знакот на католичката црква каде немало никаква верска слобода и толеранција, каде секое друго верско размислување било прогонувано, а луѓето кои се залагале  за верска слобода и реформа на црквата биле прогонувани, тоа е период на инквизицијата. Тие прогонства завршиле со апсењето на папата Пие од страна на Наполеон трети, со што му било нанесена смртна рана на малиот рог. Но едно друго библиско пророштво тврди дека смртната рана на Ѕверот била исцелена.
3. Ѕверовите во книгата  откровение на Апостол Јован
Ако книгата на пророк Данило преставува апоколипса на стариот завет, тогаш Јовановото откровение преставува апоколипса на новиот завет.
Во книгата откровение на Јован во 13 глава го читаме следново „ И видов ѕвер како излегува од морето кое имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња и ѕверот што го видов беше како леопард и нозете му беа како мечка, а устата како лав. И видов една од неговите глави како да е смртно ранета, но неговата смртоносна рана беше целосно исцелена и се зачуди целата земја и тргна по змевот и му се поклонија на змевот.“
И во книгата на пророк Јован се среќава речиси со идентичен ѕвер како и во книгата на пророк Данило. Десете племиња , седумте глави се седумте племиња од страшниот ѕвер во книгата на пророк Данило. Овој ѕвер има карактеристики на мечка, леопард и лав. Тоа може симболички  да толкуваме дека ѕверот е изграден врз основа на претходните царства. Тука можеме да ја препознаеме западна европа која е изградена или почива на претходните цивилизациски достигнувања од антиката па до денешно време. Според пророштвото на пророк Јован смртната рана на ѕверот во пророк Данило била смртно рането, во јовновото пророштво таа е веќе исцелена. Тоа исцелување се случило во 1929 година кога Бенито Мусулини  со декрет ја прогласува Ватиканската држава, од тогаш па се до денешен ден моќта на Ватикан се повеќе и повеќе расте. Пророштвото на Јован продолжува „ И светот тргна по патот на ѕверот и му се поклонија на ѕверот...“ сведоци сме дека во денешно време  сите државници, преседатели, политичари барем во европа одат на баци рука кај папата. Сите тргна по патот на ѕверот како што пишува пророкот.
4. Денешното време
Да се вратиме на големиот кип од книгата на пророк Данило кој го сонувал царот Навухадоносор. Според записот како нозете така и стапалата се изградени делумно од железо  и делумно од глини, тоа е денешното време. Пророкот понатаму продолжува „ а што си видел железо измешано со глина, тие ќе се мешат со човечко семе, но  нема да се држат заедно, како што ни железото да се измеша со глина. ( Глава 2 стих 42-43). Стихот одлично ни дава опис на денешнава ситуација, на денешнава европска унија, народите си се мешат меѓусебе, ами како што гледате од последниве случувања на ЕУ, тоа мешање на народите не е успешно, исто како што не е успешно мешањето на железото и глината. Што значи дека приказната за ЕУ е мртво роденче, тоа го потврдува фактото во пророштвото ( Глав 2, Стих 34) „ Одеднаш се одвали каменот, па удри во кипот во стапалата во железото и глината, тоа го скрши. Тогаш наеднаш се здроби железото, глинта, бронзата, среброто и златото...“ и псле тоа доаѓа вечното божје царство ( опишано во главата 2 стих 44-45).  Тоа е тоа царството кон кое треба да се стремиме наместо лажното царство наречено ЕУ.

Напомена : со ова немаме намера да ги понижиме католиците како народ, ниту да ги возвишиме православните и протестантите, секако дека католичкото верување си има свои добри работи, исто како што има илјадници работи кои би можеле да се критикуват кај православните и протстантите.

 Користена литература:
1. Свето писмо Библија, Македонски превод.
2. Масквел Марвин, Апоколипса, знаци на времето, Скопје, 2001година.
3. Вајт Елена, Големата борба помеѓу Христос и Сатаната, знаци на времето, Скопје, 2001 година.
4. Dukan ak - Tajne knjige proroka Danila, preporod, beograd 2010 godina.
5. Borovic Pavle, Armagedon, preporod, beograd, 2004 godina.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

  1. Исцрпно напишано разбирливо го прочитав во еден здив. Интересни толкувања на симболиката на кипот, опфатена од стариот и новиот завет. Браво Мишко што се потруди да ни доловиш интересна тема пророштва кои се поврзани со нашите состојби денес како милениумски континуитет.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog