Skip to main content
БАРБАРИТЕ ГИ НИШТАТ ПЛАНОВИТЕ НА ЦРНАТА АРИСТОКРАТИЈА




Овој викенд бевме сведоции на овогодишниот состанок на групата Билдерберг. Средбата беше тајна и затворена за јавноста. И покрај тоа во јавноста преку тајни канали за што всушност беше разговарано на овогодишниот состанок на групата билдерберг. На нивната Агенда се најде следново: Стабилен светски поредок, Иднината на Европа, Климатските промени, како да се стават Кина и Русија во ред, иднината на капитализамот, Британија и  брегзитот, вештачката интелигенција и нејзината примена, влијанијата на социјалните медиуми и интернет заканите.
Најзагрижувачка работа за црнава аристократија како што ги нарекува Даниел Ештун новинар кој со години ги истражува,  е ново настанатата ситуација во Европа. Како и секогаш, така и овој пат криви за уривање на плановите на црната аристократија билдерберг се барбарите од исток. Западот како наследник на Рим светот во изминатиот период го подели цивилизирани и барбари, Римјани и дивјации, по истото кредо како што и во минатото го правеа римјаните и атињаните.
Барбарин во текот на историјата беше наречен Прометеј големиот човек кој им го украде огнот на самобендисаните олимписки богови кои сакале да си играт со човекот како ќе им текнело. Крадејќи го огнот со него Прометеј  му го подари  и сето знаење на човекот , тоа е причината за која Прометеј беше наречен Барбарин. Добро е позната и приказната за Конан Барбаринот, Сумеријанецот кој според приказната се бореше против лошиот господар Хиса зул, ослободувајќи го човекот од неговите лоши канџи се вброи во групата на барбари. Потоа и Херкулес кои според митот и легендата на суров начин се бореше за ослободување од олимписките богови што исто така беше причина да биде означен како барбарин. Според ова изгледа дека барбари биле луѓето кои што го нарушувале воспоставениот ред на господарите како што во историјата биле Прометеј, Херкулес, Конан, од современиот свет би можеле во истава група да ги вброиме: Исус Христос, Мартин Лутер, Јан Хус, Симеон Де Боливар, Че Гевара, Сноуден, Јулијан Асанж и многу други.
И овој пат Барбарите им ги нарушија плановите на црната аристократија, така што на овогодишните европски избори победија за нивно изненадување ( а за наша среќа) токму за нив непосакуваните  национални партии и евроскептиците. Со тоа им пропадна планот за уништување на нациите и создавање на една супер нација. Не за џабе во текот на изминатите години  нападнати беа античките цивилизации од исток преку Кина и Индија, Персија ( Иран), Месопотамија ( Ирак), Асирија ( Сирија), Феникија, Филестија, Ханан( Либан, Израел, Палестина), Хетитското царство ( Турција), Египет, Либија и Тунис ( Картагина), Македонија, Рим ( Италија). Токму со уништувањето на овие антички цивилизации кои од римската империја беа наречени барбари се планираше  да се удри врз националниот идентитет на народите, бидејќи народите од исток својот духовен, културен и национален идентитет го заосноват токму на овие антички цивилизации. Победата на националистите и суверениститет предизвикува страв за билдерберговци, За момент тие дојдоа до сознание дека нивните планови за деконструкција на светото и човековата заедница ( без идентитет) наеднаш е мртов проект.
А што да се каже за западната цивлизација и нивното дивјаштво. Заборават овие од запад дека водат потекло од десете дивијчки племиња кои го развалија западното римско царство како што се Вандалите, Херулите, Свевите, Остроготите, Франките, Англо-саксонците,Логобардите, Визготите и други. Уништувањето и поробувањето, колонизирањето на народите и цивилизаците кои западот го правеше во текот на изминативе два века се добар показател за нивната дивјачка улога и дивјарење. Додека истокот градел цивилизации, западот ги рушел.
Македонците во текот на историјата од Рим и Атина беа нарекувани Барбари. Еве зашто :
1. Александар македонски своето царство го заосноваше врз начелото на мултинационална и мултиетничка основа;
2. Меѓу тогашните европски народи Македонците први го прифатија Христијанството  и во библијата се запишани како  Македонции, а не севромакедонции;
3. Македонците преку Кирил и Методија направија писменост во Европа, описменувајќи ја цела источна европа;
4. Македонците преку Богомилите ја започна реформата на христијанството и враќање на правото христово учење.  Богомилите беа предвесници  на протестанската реформација на Мартин Лутер;
5. Македонците први направија република во Европа. Крушевската република беше првата република , после падот на Француската револуција , која беше изградена на основите на правото на национално самоопределување, солидарност, слобода, демократија, соживот и верска толеранција помеѓу различностите;
6. Денес Македонците изградија република во која заедно живеат во соживот и хармонија различни националности  и луѓе со различни вери и религии.
Тому овие наброени причини  се добар показател дека Македонците секогаш  им го рушел воспоставениот ред на  самопрогласените цивлизирани и тоа е добра причина тие да бидат сместени во групата на барбари.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...