Skip to main content
ИНКВИЗАЦИЈА ВРЗ СЛОБОДАТА 


Факт е дека со поразот на глобалистите светото влез во транзиција. Транзиција која треба да произведе нов светски поредок. Периодот на премин од стариот во новиот светски поредок секогаш е исполнет со глодање, односно јадење помеѓу она старото ( што паднало) и новото ( она што треба да се воспостави) како што кажавме тоа се случило во средниот век тој премин од феудализамот во капитализам кои во историјата се нарекува протестанска реформација токму е исполнет со тоа глодање кое што и денеска го имаме. 


Пред петнаесет години некаде 2004-2005 година, седејќи дома, случајно на телевизорот ми беа пуштени вести на една од нашите телевизии. Една од вестите беше дека Светска здраствена организација ги осуда книгите на професорите Ѓорѓи Чадловски и Олга Мурџева -Шкариќ, бидејќи во нив тие пишувале за девијантните секусуални појави ( Хомосексуализам и Лезбејство) како за ненормални појави. Тогаш си реков зарем е можно ли повторно слободата на мислата како и во средниот век да се ограничи. Четри години подоцна некаде во 2008 година, Европската унија донесе закон со кои се забранува во Унијата да се учи и зборува за Креационизамот ( односно библиското созадавање на светот) во унијата, не се изненадив знаев дека едноумието и средниот век на голема врата почнуват да се враќат.
Веќе со недели сме сведоции како во нашата земја, така и надвор од неа започнува процес на ограничување на слободата на мисла, на искажување и сл. Последните мои текстови напишани на мојот блог од страна на фејсбук  не се дозволени да се споделат со јавноста и не сум само јас во прашање  има и доста други како мене на кои им се бришат статусите, текстови на кои не им дозволуват да бидат споделени со останатите. Доста видеа се избришани од Јутуб, Последната емисија на Миленко Неделковски беше оневозможена да оди во живо, Еден од слободарските страни Коложег инфо исто така е бришен и оневозможен да функционира  како единствен извор на информации во ова наша окупирана Македонија. Се на се очигледно е дека како во Македонија  така и во светот започнува процес на инквизација врз слободата на говорот и мислата. 
Слободата е нешто без кое човештвото не моѓе да функционира , затоа во текото на историјата човекото со илјадници години и крваво се бореле токму за неа за слободата, слободно да диши чист воздух. Слободата е како воздухот кој слободно да се движи  низ секој простор и секое катче, низ времето и просторот. Воздухот не можеш да го држиш на едно место и да го ограничиш, исто е, и со слободата неа неможеш да ја ограничиш и да ја држиш на едно место. Слободата е дадена од Бога! уште на почетокот од создавањето на човекот, господ го создал човекот  како слободно суштество. Доказ за тоа ви е стариот завет. Уште на самиот почеток Господ му оставил на човекот да избере  помеѓу добро и лошо( Друго е прашањето што избрал и што денес избира.) Му дал слобода на избор, но исто така и одговорност за изборот кои човекото го прави. Денес сме сведоции дека таа слобода на човекот се повеќе му се одзема. Тоа не е првпат во историјата на човештвото да се случи. Се случило многу пати до сега човештвото да се сочува со таков предизвик.
Средниот век пројде во знак на средновековната црква  и нејзиното учење кое не дозволуваше никакви други учења, други мислења, па и во поглед  на нејзините догми и учења, во тој период средновековната црква дури не ни дозволуваше  неа да ја искритикуваат како институција. Набргу во тоа време се појави реформацијата  како носител на слободата и воведување на различно мислење со кои започнува урушувањето на стариот феудален систем и раѓање на нов систем.  Така е, и денеска рикна стариот империјалистички систем предводен од Американците и нивните западни партнери и на сцена треба да се роди нов систем, воспоставување на мултиполарно владење со светот.  Во средниот век црковните власти за да го задушат  различното мислење, слободата на мислата, црквата организираше инквизација  која имала  намера низ своите средства  за измачување да ја угуши слободата ( најмногу во поглед на различните гледишта за верата и слободата) и на тој начин да го спречи раѓањето на новата мисла и новото време. Така е и денес! гледате драги мои! Глобалистите на секои начин не само во Македонија, туку во целиот свет да ја задушат слободата, не бирајќи средства преку медиуми, преку фејзбук, преку  јутубе, преку спалување на книги и весници и нека не ве плаши тоа, тоа го имало и ќе го има.
Факт е дека со поразот на глобалистите светото влез во транзиција. Транзиција која треба да произведе нов светски поредок. Периодот на премин од стариот во новиот светски поредок секогаш е исполнет со глодање, односно јадење помеѓу она старото ( што паднало) и новото ( она што треба да се воспостави) како што кажавме тоа се случило во средниот век тој премин од феудализамот во капитализам кои во историјата се нарекува протестанска реформација токму е исполнет со тоа глодање кое што и денеска го имаме. 
Ќе има и пострашни работи од ова што денес го преживуваме. Но не грижете се! сетете се на Јан Хус, чешкиот реформатор кои средновековната црква жив го запали на клада со цел да го заплаши народот кои сакаше реформа на црквата. И што се случи делото на Јан Хус  и неговата жртва беше инцијатор  за уште повеќе луѓе масовно да се родат со таков слободарски дух, затоа што слободата не можеш да ја држиш затворена на едно место како и воздухот. Па така и и ние ако не успееме денес, сигурно дека идната генерација ќе успее.Ние само како Јан Хус треба темелот да го поставиме, да го започнеме патот и после тие да го продолжат. Во тој контекст е моево пишување сиве овие четри години да им оставам некои пат и насоки на идните генерации по кои пат и како да продолжат. Истото тоа го направија Сноуден и Јулијан Асанж, од нив двајцата илјадници се инспирира да проговроат против глобалистите и нивните зли планови. И ние токму тоа треба да го направиме да бидеме инспирација за идните генерации да се борат за нивната слобода како што за нас тоа беа : Јан Хус, Мартин Лутер, Че Гевара, Гоце Делчев, Даме Груев,Сандански, Мирка Гинова,Кузман Јосифовски -Питу и многу други ликови со светол лик.
И сега прашувам ќе се предадеме или ќе се бориме? ќе наоѓаме нови канали и прозорчиња преку кои ќе се бориме за нашата слобода?

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...