Skip to main content

БАЛКАНСКАТА УНИЈА Е ПАНДОРИНА КУТИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА


ЕУ предлага балкански сојуз со кои територијално би се окрупниле двете големи земји Србија и Албанија на сметка на помалите држави,  и на тој начин да ги решат баланските врзаници кои сами ги произведоа, Босна, Косово и Македонија. Проект во кои малите народи како Македонците, Црногорците и Бошњаците би останале без своите држави.



Деновиве Брисел даде само препорака за членство на Македонија за влез во ЕУ, но не и датум за преговорИ за влез во ЕУ. Многумина експерти и аналитичари сметат дека унијата уште долго време нема да биде спремана за прием на нови членки. Со таа констатација излезе и австрискиот весник „ Пресе“ со предлог за формирање на балканска унија, така наречена „ Западен Балкан“, со која што споредн авториве на тексто би го забрзале процесот за влез во земјите од западен балкан во унијата.  
                                 Резултат с изображение за западен балкан                                                                                                                                                              
Според австрискиот весник дел од обврските што треба да ги спроведе регионот се следниве:  во рок од десет години да ја изградата западнобалканската унија идентична по примерот на ЕУ, укинување на границите, заеднички пазар со четри основни слободни трговски зони, заедничка енергетска политика, заедничка политика во телекумуникаците, собраќајот сето тоа заедно со граѓанските права.

   Идејата е стара

Уште при распадот на СФРЈ кога во Брисел беше јасно дека се крчка распадот на Југославија, тогашната европска економска заедница сметаше дека СФРЈ ќе се распадне по моделот на Кралството СХС и дека од нејзиниот распад само Словенија и Хрватска ќе излезат како независни држави, а останатие Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора топтан ќе одат заедно со Србија, се разбира како нејзин колач поради победата на Србија во балканските војни и првата светска војна. На почетокот од распадот на СФРЈ тоа беше платформата Глигоров- Изетбеговиќ за сојуз и унија на држави со која се предвидуваше сојузување помеѓу Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Токму оние држави кои денес се предлагат да влезат во унијата на западен балкан.
Уште во 2012-2013 година европската унија за првпат започна да ја пласира тезата за создавање на балканска унија во која би влегле земјите кои се пред влезот на унијата.Минатата година синот на Џорџ Сорос и самиот сорос за Њујорк тајмс изјавија дека со изградба на балканскиот сојуз на држави Европа ќе се стабилизира, во спротивно балканскиот регион ќе биде поделен помеѓу Кина, Русија и Турција.

Различни размислувања за балканската унија.

Во новата стратегија на Брисел за западен балкан е предвидено земјите од западен балкан да влезат во унијата дури после 2025 година. До тогаш тие препорачуват да се фрмира балканската унија со што би помогнало на земјите од западен балкан побрзо да се подготвата за прием во унијата.
Некои експерти сметат дека создавањето на балканската унија повеќе има економски причини од колку политички причини, размислувањата се поделени. Идејата за царинска унија е повеќе политичка од колку економска смета главниот и одговорниот уреденик на Белградскиот весник НИН Милан Ќулибрак. Тој верува дека идејата не дошла автентично од Белград, туку дека е родена надвор од балканот. „ тоа ми изгледа како уштеден вид да се смират завриените политички страсти и нестабилонстите кои се шират во регинот.“
Според Јасмин Мујаковиќ новинар на вашингтон пост Унијата го предлага западен балкан затоа што унијата не се погрижила за брз влез на земјите од западен балкан и ако тоа, таа цели шеснаесет години им го ветувала тоа, брз влез во унијата.

Денешната ситуација на балканот.

Состојбата на таканаречениот западен балкан  е следнава. Хрватска и Словенија од просторот на СФРЈ се во унијата. Босна и Херцеговина и покрај крајот на војната и  потпишувањето на Дејтонскиот договор остана внатрешно поделена држава. Проблемот што Босна не може да се конституира како држава лежи во тоа што ја нема преодната точка за нејзина конструкција, односно не постоењето на Босанска нација, од таму државата не може да се конституира и да си ги извлече своите атрибути ( Босански јазик, Босанска писменост и сл.) кој се значајни за тоа како ќе се дефинира како држава, дали тоа ќе биде националана држава или пак Федерација ( Конфедерација) на три држави, републики. Таа сега преставува сложена држава со комплексно политичко- правен систем кои не може да ја дефинира дали тоа е Федерација, Конфедерација и сл. Единствено  што може да се заклучи дека БиХ преставува во моментов збир на територија како и Палестина. Во  БиХ на дело се гледа неделотворноста и незаинтересираноста на европската политика и токму таа како и Американската политика е одговорна за денешната ситуација во која таа се наоѓа. Не заборавајте дека поделбата на кантони и ентитети и нејзино сведување на територија е американски проект и нормално е за денешната нејзина состојба во која таа се наоѓа да биде одговорна токму Америка.
Србија пак е оптоварена со проблемот на Косово за изнаоаѓање на негово решеније тешко се иде, што е логично од некои кои загубил дел од својата територија денес да биде во ситуација самиот да потпише дека се откажува од неа. До сега не се најде ни една влада или политичар дека е спремен да потпише дека Србија се откажува од Косово. Дополнителен проблем на Србија се Војводина и Санџак кој ја отежнуват внатрешната ситуација на Србија. Косово не може да виде држава, бидејќи е отцепен дел од државата Србија, по меѓународното право тоа не може да биде држава се додека Србија доброволно не се откаже од него што во моментов не иде така лесно.
Македонија пак се наоѓа во ситуација на тотално редефинирање, државата без согласност на народот го смени името, со тоа македонскиот народ е спуштен од нација во граѓанин, односно луѓе кои висат во воздух и немат право да припаѓат на некоја етничка заедница како и сите останати народи. Следна фаза во која сигурно ќе ја втурнат Македонија во територијално редефинирање на кантони по примерот на договорот Милошевиќ-Мицотакис од 1991 година кои предвидуваше Македонија да се подели на Албански, Српски, Бугарски и Грчки кантон.

Европска унија беше добра шанса за балканот

Уште на почетокот во шесетите години кога се создаваше европската економска заедница која денес прерасна во Европска Унија по идеја на Роберт Шуман. Идејата беше да се создаде заедница на региони, како што е тоа денес албанскиот регион, Албанија, Косово, делови од Црна Гора, Македонија и Грција го формират албанскиот регион, тоа не е формално-правно голема Албанија, но како таков е поднослив бидејќи народот си комуницириа слободно помеѓу себе. Идејата беше да се нормализират границите помеѓу државите за да се намалат антагонизмите помеѓу народите. Целта беше да се исправат грешките од претходните војни, да се исправат на природен начин лошо подвлечените граници во војните на тој начин што формирајќи заедница на региони, регионите постепено ќе прерасанат во држави, по природен пат народите без војни да влезат во своите природни матични држави.
Но, таа идеја за создавање на заедница на региони е мртва! Мртва е токму од оној момент кога унијата реши да применува двојни стандарди и кога веќе дваесет и кусур години го остави балканот да се дави заглавен во лимбу просторот заглавен во периодот помеѓу берлински конгрес, балканските војни и втора светска војна.
Кој би бил губитник, а кој добитник од создавањето на балканската унија, се разбира дека се знае Албанија и Србија, бидејќи тие си ги имат создадено своите региони, останува уште правно да се верфикуват. Но тука би дошло до еден правен проблем што би се предизвикал од обединувањето на Косово со Албанија и на Република Српска со Србија, а тоа е отвареањето на пандорината кутија со слични состојби речиси во цела европа, каталонија, шкотска, белгија, шлезија, трипол, украина и сл.  ЕУ предлага балкански сојуз со кои територијално би се окрупниле двете големи земји Србија и Албанија на сметка на помалите држави, ,  и на тој начин да ги решат баланските врзаници кои сами ги произведоа, Босна, Косово и Македонија. Проект во кои малите народи како Македонците, Црногорците и Бошњаците би останале без своите држави.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија






Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...