Skip to main content
ДВАТА РОГА НА БИЗОНОТ 




Текстов што  го пишувам го пишувам по повод тексто објавен од страна на коложег на 6.08 насловен како „ страшен прогон на христијаните низ светот...“ Она што најмногу ме заинтергрира да го напишам тексто е тврдењето за прогонството на христијаните во САД. Што е и точно! Јас тоа како протестант можам да го потврдам.

 
Имено, Соединетите Американски држави беа создадени од европските колонии кои бега од Европа, кога таа се уште беше во мрачната доба под влијание на средновековната католичка црква. Колоните кои ја населува Европа во главном беа луѓе со протестанска вера. Од тие протестански колони е настаната денешната САД врз основна на слободата на верските погледи која никој не може да ти ја забрани, јавно на сред плоштад можеш на глас да читаш библија и никој не може да ти забрани или некој да ти пререче нешто. Почетоците на САД како  модерна држава се заосноват на верските и граѓанските слободи и права. Дури и победата на северот во граѓанската војна кога САД се создава има верски карактер. Победата на северот во граѓанската војна означувала победа на протестанството врз југот католицизамот. 
Во текстот објавен од страна на коложег го пишува следново „ Учител во Њу Џерси беше суспендиран затоа што на ученик му дал библија.“ Би сакал да направиме една споредба со еден случај од педесеттите години, кога еден професор во едно американско школо се осмелил на своите ученици да им ја предава теоријата на еволуцијата. Инаку во тоа време во американските школи со закон било забранувано да се предава теоријата на еволуцијата во основните и средните школи, освен во високото образование. Во овој случај родителите на децата кој учеле во тоа  школо  го дале професорот на суд. Од овој случај произлегло познатото персоново судење со кои американскиот суд го потврдил претходно донесениот закон за забрана за предавање на теоријата на еволуцијата во основните и средните школи. Тоа е Америка од пред педесет и шесет години. Но денес веќе не е така! нештата се изменети! теоријата на еволуцијата како и останатите антихристијански гадости земат замав се поголем.
Но зошто тоа е така? Како што напоменавме дека граѓанската војна била борба помеѓу северот протестанството и југот католицизамот, победата на протестанството и донела предност на Америка да се изгради врз два столба верските слобди и права и граѓанските слободи и права, што е мошне одлично опишано во тринаесетата глава на последната книга од библијата откорвение како бизон со два рога. Според пророштвото набрзо двата рога на бизонот се крашат , тоа означува дека верските и граѓанските слободи и права ќе бидат укинати, од таму ќе започне и ќе се шири насекаде низ светот. 
Токму текстот објавен од страна на коложег на 6 август, на кого му благодарам за објавата ја потврдува горе изнесената теза. До пред четриесет години во америка не можеше да се замисли католици да се шират спрема северот или католици да се населуват во оние места каде што живеат протестанти. Денес сликата е сменета католиците се повеќе се зголемуват, а на нивна сметка протестаните се намалуват. Во советот на американскиот сенат седат седум католиции од десет членови на советот фалат уште три католици за да  католиците ја превземат власта во САД.
Ватикан кој во пророштвата го преставува ѕверот со десете рогови и кој е носител на бројот 666, на него му треба Америка да ја покори, бидејќи со покорување на Америка и уништување на протестанството започнува крајот на верските слободи и права не само во Америка, туку и во целиот свет. Тој тоа го прави на различни начини преку верскиот екуменизам, преку уфрлување на језути во протестанските цркви како што се Бил Клинтон и Борис Трајковски. Да добро читате! Кога првпат почнав да одам во протестанската црква каде денес одам, еден провповедник кој е денес во пензија почна на проповед да зборува за језутите и ватикан и почна да ни кажува „ Вие знаете ли дека покојниот преседател Борис Трајковски  има завршено језутско училиште заедно со Бил Клинтон, не се работи за методист туку за католички шпион, зборот Језутин значи куче господово, односно куче пратено од страна на ватикан за да ги преобратува протестантите во католици. “ Боро кој беше страмота за христијаните методисти да ти бил језутин, а не протестант, некој лажно се преставувал.
Америка не е поразена само верски, тукуа има и политички причини, како и економски зошто е дојдена до степенот до кои денес се наоѓа, но тоа е тема за друг текст. На крај можеме да го завршиме тексто со истата реченица како што е завршен објавениот текст на коложег. Слободата на вероисповест забрзано се намалува - особено ако сте христијанин. Ние би додале освен ако сте католик тогаш имате верска слобода.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.


Comments

  1. Best of the best in ceramic price 2021 - TheTianiumArt
    We can say the titanium dioxide best in ceramic price 2021 with surgical steel vs titanium our camillus titanium review titanium hair clipper of the best in ceramic price for you. Read our titanium white wheels review of the best in ceramic prices in

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
СТАНЕТЕ ЗА ДА СЕДНЕМЕ  Со години анализирајќија и посматрајќи ја ситуацијава во Македонија, особено во последниве петанесет години, секогаш кога сум се занимавал со политичариве, интелектуалциве, нашава елита, доаѓам до еден франтапен заклучок дека нашава политичка и интелектуална елита е фактички без рбетна, без кичма да се има за што да се исправат и да застанат.   Така, нашиве без кичмењаци и без рбетници, на времето кога им усвирка за потпишување на времената спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, преспански и бугарски договор нашиве без рбентици одма уцфрка, ем си прифатија све како тотални без кичмењаци. Ај што политичариве се без рбет, ами интелектуалната елита е дамбетер од нив, фино си направија комисија за историја , ту со Грција, ту со Бугарија, се што комшите ќе им наредат прифаќат без пардон, а народот кој го прашува бре! видовте деновиве северџанската полиција излезе на протести да бараат повисоки плати и привилег...
  ВРЕМЕ Е ЗА ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ    Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека европските народи како и македонскиот народ слабо излегуват на избори. Тоа се должи на фактот што обичните луѓе  повеќе не им веруват  на своите политичари и политички партии. Разочаран е од нив! Пројдоа и минато неделните европски избори за европскиот парламент. И како што сите видовме и очекувавме на изборите во голема мера на изборите победија десничарските и националните партии наспроти левичарските и либерално- централистичките партии, исходот беше за очекување, предвидувањата го покажа тоа. Во Франција победи Мари Лапен, Макрони отиде на буништето, во Италија победа издвојува Матео Салвини, во Велика Британија Фараш, во Германија зелените, во Шведска десничарската партија, во Унгарија Виктор Орбан, во Хрватска Марија Петри, А Грчкиот народ на Ципрас му даде шут картон.  Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека ...