Skip to main content
СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА 




Веќе една недела како измина од кога македонскиот институт во Софија ги истакна своите осум услови кои Софија треба да му ги постави на Скопје за Бугарија  да не ја блокира Севернава во нејзиниве ЕУ интерграции. Што се однесува до нас слободно бре нека стави вето и онака што ние бараме во фашистичка Европа.
 
Но мене друго ми е зборот! ме чуди што во нашава јавност нема никаква рекација по повод условите кои ги поставува овој институт, а кои дирекно задават во македонскиот националне идентитет и македонската држава. Отсуството на реакција покажува дека целокупното македонско општество премолчено се согласува со произнесените услови. 
Ги нема борците од НОБ да се кренат против поставените услови со кои дирекно се задава удар на суштината на нивната борба во текот на втората светска војна која според поставентие услови станува  безпредметна и залудна. Еден од условите е да се избришат националните празници како 11 октомври кои се слави како ден кога македонскиот народ се кренал против фашистичката бугарска окупација. Сега според условите како ќе го празнуват овој ден? против кого ли ја воделе својата борба? против самите себе си ли?
Ни глас! ни трепет против договорот не може да се слушне ниту од интелектуалците,ниту од историчарите, од политичарите. Во моментов ние сме село без кучиња! ниту мачка, ниту куче имаме да не одбрани. Ах се јави сервилниот Стојан Андов кои почна како некој гурур да не просветлува со неговата историја, да ни проповеда како Бугарите на овие наши простори биле административци! си менаџирале бре луѓето со нашиот простор. Авторов сервилниов старец ( аналогно на старецот и морето) не ни раскажува што тие административци администрирале во воена окупација и војна.
За политичариве пак да не правам муабет! квислиншката власт на црпко  не може ни да бекне, си потпишаа тие свој договор за добрососедство и сега ќе си ги трпат последиците од нивната распродажба. На овие евроатлански квислинзи крајот име стравотен, ќе им биде  исто како и на квислинзите од време на втората светска војна.
Но опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исто така не реагира, ниту раководството, ниту членството, ниту пак Будинпештанецот.  Све си има свое логичко објаснување! се тепат за да бидат наследници на славата на историското ВМРО, а кога треба да се брани тоа исто име никаде ги нема. Логичко објаснување за ваквото однесување на опозицијата и во својата последна колумна ни дава почитуваната Мирка Велиновска со која можеме да се согласиме, а тоа е јасно дека како бел ден се во лајна до гуша се со усмредени коски или преведено сите цапнале во мито и корупција и сега се уценети, образот не им е чист! затоа и си молчат!Секој нормален и здраво разумски човек  може да се согласи со логиката на нештата, многумина од нас истото го имаме добро сватено и разбрано наназад со години. Поради сето ова македонскиот народ веќе не ги ни ферма, тој си сака луѓе со чист образ. На идните избори таквите партии, групи и поедници ќе бидат изборот на македонскиот народ.
Да се вратиме на Бугарите!Сите ние знаеме дека тие сакаат да си ја ретушират историјата на наша сметка и да се исчистат од своето срамно минато како фашисти за време на втората светска војна. Само што Бугарите самите себе си се лажат што мислат дека  сите во светот се како Македонските политичари, интелектуалции и историчари, па си мислат дека менувањето и бришењето на историјата е така лесен процес. Мене се уште ме држи случајот од пред пет и повеќе години, кога Бугарите проба да ја менуват нивната историја изјавувајќи дека Бугарите не ги депортирале Евреите  за време на втората светска војна, туку тие самите си влегле во возовите за аушвиц. Одма после тоа реагираше Светскиот Еврејски Конгрес кажувајќи им на Бугариве да не се лажат, бидејќи документација има, се знае кој, кога, кого, каде и како Бугарите го предале. Е така реагираат другите, за разлика од нас Македонците! затоа се прибира и чува доказен матрејал,документација, архива која кога тогаш треба да послужи за одбрана.  Во нашиов случај ние имаме документација, ами никој не сака да ја искористи за наша одбрана. Како што можеме да видиме никој не реагира, глас не им се слуша, ниту на господава од МАНУ, а камоли да ја искористат документацијата која постои против Бугарија.
За крај уште еднаш можеме да потврдиме она што и досега сме го констатирале дека во Европа на големо парадира Фашизамот, доказ е токму барањето на Бугарија и Грција да се избрише Македонскиот народ и Македонската држава.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...