Skip to main content
БИТКА ЗА СЕВЕРНАТА






Море бре! Будала само можеше  да мисли дека менуваш име за да влезеш во некој си елитен европски клуб, кога едно пет - шест години Брисел тврди дека нема проширување на унијата. Втора работа е тоа што така наречениот западен балкан ( Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина) треба да преставува тампон зона, односно штит на Европа од истокот. Така според ова произлегува  дека западниот балкан ќе влезе на куково лето во унијата. Особено сега кога унијата се наоѓа пред нејзиното реформирање, нејзина трансформација. Колку што може да се види нејзините институции се веќе мртви. Пројдоа веќе пет месеци како неможат да изберат комесари, немат изградено заедничка надворешна политика, нивните гласачи излагат на избори под 25%, сето ова ни зборува дека унијата е клинички мртовец и само на партии како нашите и од лево и од десно ( А на мајка им во центарот) не можат пред нив да ја видат реалната слика за унијата.
 
Црпката Заев ни вети дека ќе сме оделе на избори! избори во Северна Македонија! Битката за севернава започнува!ДПМНЕ пресреќен желбата им се исполни. Окупаторот ќе им организира избори. Тие ли ќе ја продолжат окупацијата? Ние обичниот народ, сите викаме дека сме под окупација, што е реално и точно. Црпнатава власт ја донесе странски окупатор ( ЦИА) која под присла и непочитувајќи ја волјата на македонскиот народ му смени име, историја, личен опис. Тоа е најголемиот факт дека Македонија и македонскиот народ се под окупација, тоа што црпнатава власт се што прави, прави спротивно од волјата на македонскиот народ е најголемиот доказ.
Јас до сега не чув од ДПМНЕ да ја нарече власта окупатор, не чув да рече дека државата ни се наоѓа под окупација. Тие самите ја легитимира и го призна легитимитетот, не се оважа да бидат на чело на народот, не влегоа во илегала , па илегално да се борат за враќање на државата во рацете на народот.Туку фино лепо со самото влегување во работата на собранието тие и го призна легитимитетот, а со тоа и окупацијата ја призна за легална.
Зборот ми е за фашистичките избори!Окупацијата не се победува на избори! излагањето на избори организирани од страна на фашистичката власт, тоа значи соучесништво во нејзината окупациона власт. Прво изборите се организирани како парламентарни избори за дивоградбата Северна Македонија, на овие избори треба да излага македонскиот народ  кои со лични карти, пасоши и документи е државјанин на Република Македонија, значи од друга држава треба да оди да гласа  за дивоградбата Северна, тоа е криминален процес. Партите кои учествуваат на избори, по закон и устав се регистрирани во Република Македонија, а не во Северна. Апла од криминал до криминал и незаконитост, затоа македонскиот народ треба силно да ги бојкотира и овие избори.
Единствено решение за борба против окупацијата е организирање на уставотворно и народно собрание. Тоа за почеток можеме да го постигнеме со бојкот, се поголем број на народ кои нема да одговори на политичката понуда која се нуди ( А која во моментов преку ДПМНЕ и СДС) а е за никаде ќе го доведе политичкиот систем во криза и во негов крах. Тогаш единствено решение за спас на Македонија и македонскиот народ ќе биде започнување од почеток,  создавање на четврта македонска република со која народот ќе си ја врати својата држава во свои раце. Затоа бојкот е единствено решение за уривање на ова власт, преку уривање на политичкиот систем ќе се урнат двете партити кои триесет години ја владеат Македонија и ја донесоа до состојбава во која денес се наоѓа.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
СТАНЕТЕ ЗА ДА СЕДНЕМЕ  Со години анализирајќија и посматрајќи ја ситуацијава во Македонија, особено во последниве петанесет години, секогаш кога сум се занимавал со политичариве, интелектуалциве, нашава елита, доаѓам до еден франтапен заклучок дека нашава политичка и интелектуална елита е фактички без рбетна, без кичма да се има за што да се исправат и да застанат.   Така, нашиве без кичмењаци и без рбетници, на времето кога им усвирка за потпишување на времената спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, преспански и бугарски договор нашиве без рбентици одма уцфрка, ем си прифатија све како тотални без кичмењаци. Ај што политичариве се без рбет, ами интелектуалната елита е дамбетер од нив, фино си направија комисија за историја , ту со Грција, ту со Бугарија, се што комшите ќе им наредат прифаќат без пардон, а народот кој го прашува бре! видовте деновиве северџанската полиција излезе на протести да бараат повисоки плати и привилег...
  ВРЕМЕ Е ЗА ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ    Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека европските народи како и македонскиот народ слабо излегуват на избори. Тоа се должи на фактот што обичните луѓе  повеќе не им веруват  на своите политичари и политички партии. Разочаран е од нив! Пројдоа и минато неделните европски избори за европскиот парламент. И како што сите видовме и очекувавме на изборите во голема мера на изборите победија десничарските и националните партии наспроти левичарските и либерално- централистичките партии, исходот беше за очекување, предвидувањата го покажа тоа. Во Франција победи Мари Лапен, Макрони отиде на буништето, во Италија победа издвојува Матео Салвини, во Велика Британија Фараш, во Германија зелените, во Шведска десничарската партија, во Унгарија Виктор Орбан, во Хрватска Марија Петри, А Грчкиот народ на Ципрас му даде шут картон.  Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека ...