Skip to main content
НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ПОЛИТИКА НА ПРОСТОРОТ 





Свое времено Наполеон Бонапарта ја има кажано изреката “Политиката на државата се наоѓа во нивната герграфија.“ Веќе многупати како досега сме констатирале дека политиката треба со години наназад да се планира. Грешката на македонската политика и македонските политичари е што не ја користат географската позиција која ја има Македонија и својата политика врз таа основа да ја градат за нејзин развој и опстанок на меѓународната политичка сцена.
Image

Географската позиција на одредена држава секогаш била значајна за градење на одредена политика. Па така уште од античко време авторите  се занимавале со неа, Херодот, Аристотел, во новото време Жан Боден и Монтескје придавале големо значење на географската позиција на одредена држава во градење на нејзината политика. Тоа довело до развој на нова научна дисциплина Политичка географија ( Уште позната како геополитика). 
Македонија во геополитиката има значајна позиција. Македонија како и балканот се наоѓат на географска позиција на граница помеѓу западот и истокот, преку неа западот се поврзува со истокот, истокот се поврзува со западот. Македонија се наоѓа на граница помеѓу Европа и Азија и на тој начин преставува мала врата за влез на Европа во Азија и обратно на Азија во Европа, преку неа како и преку Балканот Европа може да се поврзе не само со Азија ами и со Африка, преку Егејот и Средоземјето. Македонија и Балканот се место каде што се судират три тектонски плочи, европската, азиската и африканската плоча. Сето ова укажува за значењето на местоположбата  на Македонија во геополитичката сфера.
Токму ова местоположба ги правеле Македонија и Балканот  место за арена, односно борба на големите сили и империи. Што мислите дека во текот на историјата интересот на големите сили за Балканот и Македонија  бил поради пиперките и крставиците или поради убавите девојки? Не! Поради значајната геостратешка и геополитичка позиција која тој ја има. Дури и Кина која се наоѓа на далечниот исток има интерес за Балканот, се разбира тој и преставува порта за влез на западот, Кина за да влезе на западот мора да пројде низ портата помеѓу Европа и Азија, а тоа е Балканот. 
Имено, Балканот преставува уште Балкански крстопат каде што големите сили вршат свое влијание и притисок. Преку северозапад Германија врши свое влијание, од исток свој притисок и влијание врши Русија, од југоисток преку Туриција свое влијание вршат муслиманските земји, Преку југ, односно преку Грција и Албанија свое влијание вршат милитантните земји Франција, Велика Британија и САД. Се работи за тоа кој да ја владе малата порта на Европа. Колку е поголеми притисокот на големите сили толку е поголем хаосот на Балканот и поголем лом настанува помеѓу Балканските народи. Сето ова ни покажува дека единствено решение за балканските народи е големите сили да го напуштат Балканот, Балканот да почне да се гради како независно место во согласност со неговата геополитичка положба.
Постои уште една работа кога сме за геостратешката положба на Балканот. Американската геополиитчка школа смета дека Европа и Азија заедно прават  едно големо острово од таму е изведена теоријата за големиот остров и теоријата за срцето на островот. Според ова теорија кој го владее срцето на островот  тој господари и владе со островот, а кој господари со островот тој владе со светот. Логички е кога ќе се погледнат Европа и Азија како остров да се увиди и нејзиниот срце, односно средина, а таа започнува од Балканот и се шири на север од Балканот се до Полска. Балканот и источна европа го прават срцето на островот во кои влегува и Македонија. 
Грешката на нашата политика и нашата научна мисла е што не ја увиде ваквата геостратешка позиција и не изгради политика во согласност со неа. Држава со ваква геостратешка позиција  не може да биде орентирана само на запад  или само на исток, таа мора да колабира помеѓу исток и запад, да се има неутрален статус. 
Неутралниот статус е најдобар за Македонија, тој ќе и овозможи заштита од големите грабливци, империи и од запад и од исток, ќе и обезбеди воена неутралност, неутралноста ќе и обедзбеди и економски бенифит, бидејќи самата политичка и воена неутралност за големите компани и фирми ќе биде знак за сигурно инвестирање. Неутралноста не подразбира изолација како што многумина велат, туку напротив неутралноста значи вистинска слобода да не бидеш врзан за некого, да не зависиш од некој, тоа значи потполна независност.
Империте се исти и секогаш биле исти, без обзир дали се работи за американска, британска, руска, австро-унгарска, римска империја. Методата им е секогаш иста да најдат будали од кои ќе имат корист а од кога ќе ги искористат за сопствените цели ги пуштат низ вода.
Во денешни услови кога западот и истокот војуват единствена заштита ние неутралниот статус. Војната помеѓу САД и Русија нема да се води во Москва и Вашингтон, таму нема да паѓат бомби, туку на туѓи територии,ќе гинат туѓи народи. Кога големите сили ја играт играта за прераспределба на моќта во светот малите држави и народи страдаат. Тоа е уште една причина за неутрален статус на Македонија. Што се однесува до мене како антиимперијалист од секаков вид, од оној од најслаб вид руски и кинески, до највисокиот американскиот, слободно амеркиканците и русите нека се испотепат, не навивам ни за едните низа други, само да не не користат нас во нивните војни, мене и мојата фамилија и моето потомство.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...