Skip to main content
ПОСЛЕДНИОТ ОДБРАМБЕН ШТИТ НА ЧОВЕЧНОСТА 


Ова што денеска се случува во Франција е конечно освестување на човештвото од она што би го чекало доколку и понатаму опстои системот наречен либерализам во неговиот неолиберален облик и конечно Французите се последниот одбрамбен штит на човечноста, преку нивните акции, демонстрации, протести денес човештвото се бори од фашистичката змија наречена либерален капитализам.

Веќе неколку недели како Французите маршират по улиците на Париз, и кај нас имаше слаб одпор од страна на народот, згора на тоа малтертирани од полицијата на Оливер Спасовски, ВМРО-ДПМНЕ започна со некои си маршови, Собиранки пред владата на Македонија, но со никаков висок интезитет, нема окупација на парламент, на влада, нема заѕидување на портата на владата и сл. Сакам да кажам ние Македонците се уште си стоиме во место додека животот ни го изебава квислиншкава влада од Муртино. Сега од јануари ќе плаќаме данок на плата, лебот ни поскапи, на ред е водата и струјата, потоа све останато.

Ова што денеска се случува во Франција е конечно освестување на човештвото од она што би го чекало доколку и понатаму опстои системот наречен либерализам во неговиот неолиберален облик и конечно Французите се последниот одбрамбен штит на човечноста, преку нивните акции, демонстрации, протести денес човештвото се бори од фашистичката змија наречена либерален капитализам. Алал да им е! и Гилотинта си ја вратија среде плоштадот, за да ги потсеќа Француските политичари и Макрони што ги чека политичарите како него кои не се послушни на својот народ, тоа еднаш Французите го направија за време на Француската револуција, може уште еднаш да се повтори, може и денес. Така реагира гневен народ кога неговата власт не сака да го слуша. А тоа не е проблем само на Француската власт, тоа стана речиси глобален проблем, народите денес имат власт која е контра, односно спротивна од страната на барањата на народот.
Зошто сето ова се случува? бидејќи еден општествен, социјален, политички и економски систем кои се нарекуваше либерален капитализам е веќе на крајот од своето владеење, односно е во фаза на умирање. Тој систем ги даде своите резултати  и го донесе светот до денешната состојба во која се наоѓа, а тоа е состојбата на хаос.
Уште од 2009 година, со почетокот на економската криза се знаеше односно се предвидуваше крахот, Односно падот на либералниот капитализам. Во тоа време почитуваниот Француски филозоф Лисие Сив ја даде изјавата дека сето ова што почнува да се случува фактички е влез во стечај на либералниот капитализам. Тогаш никој не го послуша овој филозоф и не се обиде да направи трансформација на системот. Успешна трансформација на своите систем направија оние земји кои ја увидоа опасноста која им престои како што се Кина, Венецуела, Бразил, Аргентина, Боливија, Русија и други. И како што денес можеме да видиме овие земји денес мошне добро се држат за разлика од Западниве либерални демократии кои во целосно рокат.
Основата на човечкиот живот е човекот да има матрејални, но и духовни ( општествени и социјални ) добра. Чим си го довел човекот во позиција 24- саати да мисли на матрејални добра, веќе си го дехуманизирал, односно си го очовечил. Човечкиот живот не е во филозофско-апстракна смисла само да диши и да има трипати леб на денот, односно само да ги задоволува своите биолошки потреби, туку да живее вистински и достоиствен живот во вистинска смисла на зборот, да има своја цел, да може на вистински начин да го организира својот живот со сите свои компоненти матрејалната, општествената, духовната и социјалната компонента. Токму тука ја гледаме причината за толку големите и сериозните социјални немири кои денес не се случуват само во Франција , туку во целиот свет. Франција во моментов е најголемиот преставник на тие барања. Човештвото денес е доведено во ситуација самото да се избори  за она што на него природно му припаѓа, а тоа е човекот да има живот во вистинска смисла на зборот со сите негови компоненти.
Редно е на Запад учените луѓе да соберат сили, да си седнат на маса, да си размислат и за доброто на иднита на човештвото да направат целосна трансформација на општествениот систем, бидејќи во спротивно гилотината не им бега, но она што е пострашно денешното време не е исто како и она од времето на Француската револуција, денес  има пострашни алатки од гилотината, па нека му ја мислат, по што којзнае како тргнала работава никој не знае каде ќе и биде крајот. 
И ние во Македонија мораме да знеме како да ги искористиме промените кои допрва следат, тие ќе бидат во полза на подобро човештво, во полза на конечно признавање на Македонија и Македонскиот народ, но за да стигнеме до таму мораме да преживеме како народ и држава, бидејќи после се ова што се случува повеќе нема да има ликови како Меркел, Макрони, Тереза Мекеј ќе ги има во европската политика. Европскиот парламент во пролет го чекат избори, тие ќе бидат различни од досегашните, ќе нема повеќе место за либералите и централните партии и тогаш сигурно дека промените во сите сфери на општеството ќе започнат. Но што дотогаш ние да правиме, се разбира ќе се бориме како и до сега со сопствени сили и со отпор за да издржиме до тогаш. 

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...