Skip to main content
Стариот план на старата змија 


Ништо ново  тоа е стариот план на старата змија кој се провлекува уште од деведестите години. имено Збигњев бежижински во својата книга „ големата шаховска табла“ каде во картите на Балканот од пепелта на распадот на СФРЈ како независни држави произлегуват само Словенија и Хрватска.

Деновиве имавме можност да ја прочитаме анализата  на Британскиот дипломат Тимоти Лес насловена како „ Дисфункција на Балканот“. овој дипломат од кариера од типот на Збигњев Бежижински и Кристофер Хил преку неговиот текст ни покажа дека иднината на Балканот ја гледа во прекројување на границите на постоечките Балкански држави.    
Ништо ново  тоа е стариот план на старата змија кој се провлекува уште од деведестите години. имено Збигњев бежижински во својата книга „ големата шаховска табла“ каде во картите на Балканот од пепелта на распадот на СФРЈ како независни држави произлегуват само Словенија и Хрватска, Другите држави топтан одат заедно со Србија во една заедница како нејзин колач. Македонија како и Босна и Херцеговина во карите на Бежижински воопште не постоеа како држави туку поделени помеѓу големите играчи на Балканот.                                    
 
                                              Од Лондон потекнуват сите планови на глобалистите    
              
Британскиот дипломат Лес во својот текст истакнува дека Вашингтон треба да го прифати барањето за Федерализација на Македонија, барањето на Хрватите за трет ентитет во Босна, отцепувањето на Република Српска од босна, тој исто така истакнува дека со текот на времето Хрватскиот ентитет ќе се спои со Хрватска, република Српска и северот на Косово со Србија, Косово, прешевската долина, делови од Црна Гора и Западна Македонија со Албанија, Скратената Црна гора ќе има можност или да остане независна или да се спои со проширената Србија, на тој начин според дипломатов ќе се дојде до новите граници на Балканов.                                                                              
Имајќи го увид планов на големиов дипломат од кариера, во овој негов план може да се види дека сите Балкански држави имат компензација, односо добиват територија, единствено Македонцит и Бошњаците се единствените народи кои не добиват ништо, туку напротив губат се, ги губат своите држави  на сметката на проширувањето на соседите, на тој начин бидејќи не се предвидени во планот на дипломатов  тие стануват мета за асимилација  на соседните народи и држави.                                                 
Дипломатов исто така ни навестува дека кога ќе завршело влијанието на западот врз балканот ќе настапи нова ера на немири и прекројување на границите.  ова е најстрашната перверзија кој некој може да ја каже, бидејќи токму досегашното влијание на западот ја направи ситуацијава ваква каква што е неподнослива на Балканов. конкретно ситуацијава во која денес се наоѓа балканов  им ја должиме токму на европската и американската дипломатија.                                                                                                                      
Со распадот на социјализам, се распадна и државата СФРЈ, започна војните на нејзините простори.  во 1995 година заврши војната во БиХ, па фино убаво БиХ ја уредија по дејтонскиот принцип на Ричард Холбурк и Карл Билт креирана и создадена како Либан и Палестина земја од збир на територии, експрементален проект невиден во историјата на човештвото од свети век. па тоа како да не беше малку на ред им дојде Србија со рамбуевско-кумановскиот договор ја раскурца Србија  од нејзината провинција Косово со кршење на меѓународното право од истите западни типови  стана Република. постоечката република Босна и Херцеговина ја уништија, а создадоа нов Република Косово. па потоа во 2001 на ред им дојде Македонија, истите типови од запад креира рамковна Македонија закочена и нефункционална држава. ете како буре барутот на Балканот се создаваше под патронажа на западната и американската дипломатија.                                                       
На секој полнолетен човек уште во 1995 година му стана јасно со настапувањето на дејтонскиот мировен договор, дека западот се определил за подршката на племињата на балканот,а не државите и републиките.  тие не подржа фактички ни една републик во кои имаше војни на балканот, не ја подржа БиХ (  само званично реторички подржа Република БиХ), ниту пак Србија, ниту пак Македонија, туку само племињата кои се бореа против овие правно верфикувани републики, ова е вториот крунски доказ за кривицата на западот за денешната состојба на Балканот.                                                                                 
Преку својот научен труд дипломатов не предупредува дека Русија го употребува влијанието за сепаратизам. кога она стимулирала Албанците во Косово, Македонија и Црна гора да се отцепуват, ниту пак некој друг народ. но дипломатов во својот труд успешно ја сокрива западната страна која стимулираше народи за отцепување од легални држави ( Албанците) или им креираше такви услови ( Србите и Хрватите во БиХ) и на крај дипломатов им препорачува на западот да ги верификуват тие услови за менување на границите на Балканот што е крунски доказ дека западот на тоа планираше уште пред дваесетина години.                                                                                                                      
а волја на вистината  мора да кажеме дека времето кога е поставена ваква анализа  не е случајно, тоа токму се случува на крајот од 2016 година,а за две години се навршуват сто години од версајскиот мировен договор , приказната е да не се изврши ревизија на версајскиот мировен договор, поради таа цел им се брза Балканот што побрзо да се среди  по нивни терек и мерак.

Мишко Ливрински – Кубрајт, Скопје.

објавена во дневник 2016 година)

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...