Skip to main content
ПРЕКУ МАКЕДОНСКИОТ СЛУЧАЈ ДА СЕ СРУШИ СВЕТСКИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК


Зад нашиов случај всушност се крие нешто друго, а тоа е што глобалистиве токму преку нас сакат да го срушат современиот правен систем кои онака е веќе на стаклени нозе. Проучувајќи го Преспанскиот договор кој всушност не е договор, туку ултиматум за бришење на Македонската нација и самоуништување на Македонската држава, договор од дваесетина страни како роман не е договор, туку ултиматум.

Во моментов на глобалната политичка сцена се судират два модела за тоа како да се изгради денешниот свет, а тоа се глобалистите кои за основна цел е да го изградат светот како едно село, со една држава, една нација, една влада, еден систем. Предводник на овој модел е САД заедно со нејзините европски партнери. Вториот модел е моделот за суверенистите, државите во овој модел се залагат за создавање на суверени и национални држави, предводник на овој модел е Русија заедно со земјите од БРИКС.

Создавањето на глобален све онака како што го замислилие глобалистите, Сорос и неговата компанија не е возможен без уривање на стариот систем.Тој стар систем го опфаќа и рушењето на правниот поредок врз кои се заосноваше современиот свет, а тоа беше правото на самоопределување како најголемо достигнување врз кои беше изграден повоениот свет.
Уште од самиот почеток на нашата независност најголемиот носител на повениот светски поредок обединети нации започна со негирање на нашиот национален идентитет. Што е во спротивност на нивните повелби и акти, спротивно е на меѓународното право, хелсиншката повелба да се бара од една држава која врз основа на правото на самоопределување си го избрала своето име и од тоа име произлегува идентитетот на народот. Безсмислено е да се бара тој денес да си го смени, тоа е во спротивност на меѓународното право, правото на самоопределување, Хелсиншката повелба во која пишува дека правото на самоопределување е неприкословено, тоа значи дека никој нема право да не именува, односно да ни каже како да се викаме и чуствуваме освен ние самите. Што значи дека овој спор е бесмислен.
Колку за потсетување нашиот измислен и бесмислен проблем започна уште од стекнувањето на нашата независност.  Со Лисабонската декларација од јануари 1992 година, ни кажа истиве овие од ЕУ дека ако сакаме да бидеме признати да си го смениме името и да си најдеме име во кое нема да го содржи зборот Македонија, Значи нашиот проблем е започнат во обединетите нации и треба таму да се избориме да бидеме признати како нација, исто како и останатите Германци, Французи, Италјаниц, Полјаци и други, Треба да бараме истото правило да важи и зна нас.
Зад нашиов случај всушност се крие нешто друго, а тоа е што глобалистиве токму преку нас сакат да го срушат современиот правен систем кои онака е веќе на стаклени нозе. Проучувајќи го Преспанскиот договор кој всушност не е договор, туку ултиматум за бришење на Македонската нација и самоуништување на Македонската држава, договор од дваесетина страни како роман не е договор, туку ултиматум.
Ако добро се проучи преспанскиот договор ќе се види дека тој договор е речиси ист како и дејтонскиот договор ( за БиХ), Кумановскиот ( за Косово), Авганистанскиот, Ирачкиот, тоа ни дава до знаење дека  авторот на овој договор е еден ист, а тоа е ЦИА и поранешната администрација на Стејдепартменот, односно глобалистите. Според договорот фактички стануваме вазалска држава како и горе споменатите држави со нивните договори, бидејќи од нас се бара се нешто да се исполни, а од другата страна практично ништо. А тоа потврдува дека со нас се сака да се постигне потчинета држава. Зошто им треба на глобалистите да бидеме потчинета држава? Ако добро се разгледа кои држави се раскурчени со вакви договори ќе ни стане јасно! Тоа се БиХ, Србија со Косово,Ирак, Иран, Авганистан, Сирија сега ја решават, Турција се наоѓаше на таа линија, но таа беше нивни стратешки партнер, сега од кога им го сврте грбот сега допрва ќе видиме како ќе ја решават неа. Тоа е линијата на огнот која ја постави Обама уште во 2014 година, Тоа е линијата за одбрана на НАТО во војната со Русија, тоа е линијата каде проаѓа Рускиот гасовод, и Кинескиот пат на свилата, тоа е линијата што ги спојува исток и запад. Значи на геостратешки многу важна позиција сме!
Во Преспанскиот договор стои место националност „ Граѓани на Северна Македонија“ мора да се каже дека правото не познава таква националност или историјата, името граѓанин не значи ништо, туку е измислен термин за именување на луѓето, наместо нација. Терминот граѓанин треба да биде замена за нација. Ваков феномен не е познат во меѓународното право. Од ова се гледа дека ние сме им вежбална за градење на идниот светски поредок. 
Токму преку рушењето на правниот систем по старото луциферово начлело „ Завади па владеј“ ќе им се овозможи  на глобалистиве преуредување на целиот светски поредок, вклучувајќи го и правниот систем. Конкретно меѓународното право веќе повеќе пати е рушено, тоа сме го гледале со Американските агресии, како што тоа беше со СРЈ во 1999 година, каде одлуката за агресија се донесе без почитување на меѓународното право и  со рипање на советот за безбедност на обединети нации, значи со уривање на правото на самоопределување и меѓународното право се срушени и столбовите на обединети нации. Процесот на уривање на правниот систем е започнат.
Сега дојдовме на ред и ние, токму преку нашиов случај треба да им служиме за рушење на правото на самопределување кое е вроедено право, бидејќи секој човек на светот има право да се определи каде припаѓа. Зошто за Македонците не би важело правото на самоопределување како и за останатите нации, единствено објаснување е тоа што покрај тоа што Македонија треба да биде обезглавена, туку преку нејзиниот случај треба да се руши и светскиот правен систем и поредок.
Затоа на триести септември преку бојкот да им го срушими токму овој план.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
објавено 

Comments

Popular posts from this blog

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА  Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.   Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се ток...
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ  Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.    Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за но...