Skip to main content

Posts

И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ? Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.   И навистина ! кој ли е крив? Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната пр...
УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА ДА СЕ ВРАТИ Глобализамот кој е структуриран да ја поништи државата сега дојде до целта да ги земе во потполност ингеренците на државата и тоа во двете најзаначајни области економијата и социјалната политика. Сведоци сме дека од 2008 година од кога и започна економската криза и рецесија светот се најде во транзиција која треба да произведе нов светски поредок, ново поимање на светот, нова вредност. Причините за пропаста на стариот поредок сенајразлични, но една е глобална, а тоа е што глобализацијата имаше за цел да ги поништи државите, наците и народите на сметка на корпоративните бизниси и правење на профити. Сите заборават дека државата како форма или апарат се појавила во историјата кога човештвото преоѓало од една во друга развојна фаза, односно  од сточарство во земјоделство за кое било потребно поголем труд и усовршување на средствата за производство,  тогаш се создале класите, сталежите, социјалните разлики помеѓу луѓето биле евидент...
НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ПОЛИТИКА НА ПРОСТОРОТ  Свое времено Наполеон Бонапарта ја има кажано изреката “Политиката на државата се наоѓа во нивната герграфија.“ Веќе многупати како досега сме констатирале дека политиката треба со години наназад да се планира. Грешката на македонската политика и македонските политичари е што не ја користат географската позиција која ја има Македонија и својата политика врз таа основа да ја градат за нејзин развој и опстанок на меѓународната политичка сцена. Географската позиција на одредена држава секогаш била значајна за градење на одредена политика. Па така уште од античко време авторите  се занимавале со неа, Херодот, Аристотел, во новото време Жан Боден и Монтескје придавале големо значење на географската позиција на одредена држава во градење на нејзината политика. Тоа довело до развој на нова научна дисциплина Политичка географија ( Уште позната како геополитика).  Македонија во геополитиката има значајна позиција. Македо...
БИТКА ЗА СЕВЕРНАТА Море бре! Будала само можеше  да мисли дека менуваш име за да влезеш во некој си елитен европски клуб, кога едно пет - шест години Брисел тврди дека нема проширување на унијата. Втора работа е тоа што така наречениот западен балкан ( Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина) треба да преставува тампон зона, односно штит на Европа од истокот. Така според ова произлегува  дека западниот балкан ќе влезе на куково лето во унијата. Особено сега кога унијата се наоѓа пред нејзиното реформирање, нејзина трансформација. Колку што може да се види нејзините институции се веќе мртви. Пројдоа веќе пет месеци како неможат да изберат комесари, немат изградено заедничка надворешна политика, нивните гласачи излагат на избори под 25%, сето ова ни зборува дека унијата е клинички мртовец и само на партии како нашите и од лево и од десно ( А на мајка им во центарот) не можат пред нив да ја видат реалната слика за унијата.   ...
СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА  Веќе една недела како измина од кога македонскиот институт во Софија ги истакна своите осум услови кои Софија треба да му ги постави на Скопје за Бугарија  да не ја блокира Севернава во нејзиниве ЕУ интерграции. Што се однесува до нас слободно бре нека стави вето и онака што ние бараме во фашистичка Европа.   Но мене друго ми е зборот! ме чуди што во нашава јавност нема никаква рекација по повод условите кои ги поставува овој институт, а кои дирекно задават во македонскиот националне идентитет и македонската држава. Отсуството на реакција покажува дека целокупното македонско општество премолчено се согласува со произнесените услови.  Ги нема борците од НОБ да се кренат против поставените услови со кои дирекно се задава удар на суштината на нивната борба во текот на втората светска војна која според поставентие услови станува  безпредметна и залудна. Еден од условите е да се избришат националните празници ...
СТАНЕТЕ ЗА ДА СЕДНЕМЕ  Со години анализирајќија и посматрајќи ја ситуацијава во Македонија, особено во последниве петанесет години, секогаш кога сум се занимавал со политичариве, интелектуалциве, нашава елита, доаѓам до еден франтапен заклучок дека нашава политичка и интелектуална елита е фактички без рбетна, без кичма да се има за што да се исправат и да застанат.   Така, нашиве без кичмењаци и без рбетници, на времето кога им усвирка за потпишување на времената спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, преспански и бугарски договор нашиве без рбентици одма уцфрка, ем си прифатија све како тотални без кичмењаци. Ај што политичариве се без рбет, ами интелектуалната елита е дамбетер од нив, фино си направија комисија за историја , ту со Грција, ту со Бугарија, се што комшите ќе им наредат прифаќат без пардон, а народот кој го прашува бре! видовте деновиве северџанската полиција излезе на протести да бараат повисоки плати и привилег...
АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА ЗА НОВОТО ВРЕМЕ  На секои педесет до сто години сведоци сме дека секогаш на светот му престоеле промени. Тоа е секогаш поради тоа што одреден политички систем и политика која до тогаш се спроведувала се наоѓала на крајот од нејзиното владење во состојба на крах, пад и истрошеност. Тоа од историјата го знаеме еден систем се менувал со друг како што било робовладителски, феудален систем, капиталистички, социјалистички, либерален систем.  Денес како историјата да сакала да бидем сведоци токму на пропаѓање на еден такво систем и сведоци на раѓање на еден нов систем. Капитализамот од либерален тип веќе дојде на својот крај и изумирање. Причината е едноставна се работи за тоа што капитализамот од либерален тип почиваше врз догмата „ Се почнува и завршува со парите.“ Па така, поради таа негова основа светот се најде во ситуацијата која се наоѓа денес. За последици светот го има следново:  Производ на мулти корпораци кои све користат за да с...